За македонскиот фолк пејач Спасен Силјановски познато е дека покрај тоа што е извонреден пејач, тој е познат и како композитор.
Спасен потекнува од с.Пополжани Кичевско, за кое вели дека е најубавото местенце во Македонија. На 4 години веќе чисто и целосно ја пеел познатата песна „Крушево абер пристигна“, а на својот шести роденден ја добива првата хармоника, која и до денес ја чува како сувенир.
Се смета за човек без влакна на јазикот, признава дека често знае да ги крити кува полити чарите кога не се во право и на некои не им е баш омилен.
Тој е еден од ретките наши пејачи кои пеат исклучиво македонски песни. Како гостин во музичката емисија 7/8 Спасен го изрази своето негодување во врска со македонските пејачи кај кои на настапите преовладува српската музика.
– Едноставно ме нервира фактот што кај нас во Македонија е доминантна туѓата музика повеќе од нашата, особено турбофолкот. Ж ал ми е што се наоѓаме во ситуација во којашто туѓото доминира повеќе од нашето, сепак јас сум истраен и си го негувам тоа што сум.
Ако не си ги сакате своите деца, родители, својата фамилија, не можете да ја сакате повеќе туѓата. Така и со музиката.
Спасен и сопругата Ана пред неколку години се ветија пред Бога на вечна љубов во манастирот Света Богородица Пречиста, а на свадбата пееја колегите на Спасен – Дарко Стојаноски, Орце Стефкоски, Благица Калева и групата „Модус“.
Пејачот умее да биде и доста романтичен, а тоа се гледа од фотографиите кои ги објавува од неговата сопруга која е вистинска убавица. Имаат две деца, а како што самиот вели, најголемата поддршка ја добива од сопругата.
Спасен е доста активен на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии од своето семејство и од работите кои ги прави во слободно време.
Често знае да објави нешто од приватниот живот, од настапите, но и по некоја мудра мисла, а коментарите од неговите следачи се само позитивни и полни со пофалби.
Па така, Спасен за неговите обожаватели повторно сподели интересна објава која предизвика доста реакции и коментари. Имено, изгледа сака да купи дрвена колиба, па напиша:
„Кога ја побарав раката на мојата сегашна сопруга таа ми кажа дека со мене би живеела до крај на животот дури и во дрвена кoлиба. Јас прерадосен, ја најдов жената на мојот живот…. Се до моментот кога сватив дека нејзината дрвена колиба вреди околу 2 милиони евра“.
А во коментар на сопствената објава си одговори: „И сега сите пари од родендени и мекици од децава, треба да ги дадам за дрвена куќа“.