Пејачот Спасен Силјаноски: Не сакам нешто туѓо да е доминантно кај нас – сепак јас го негувам тоа што сум

  • By klaster3
  • март 26, 2022
  • 0
  • 500 Views

Човек со мелодичен глас и секогаш со насмевка и позитивна енергија е нашиот фолк пејач Спасен Силјаноски.

Еден од ретките наши пејачи кои пеат исклучиво македонски песни.

Потекнува од с.Пополжани Кичевско, за кое вели дека е најубавото местенце во Македонија. На 4 години веќе целосно ја пеел познатата песна „Крушево абер пристигна“, а на својот шести роденден ја добива првата хармоника која до денес ја чува како сувенир.

Тој е многу приврзан за својата мајка, Јагода, која најчесто ги пишува текстовите за неговите песни.

Неодамна Спасен Силјаноски гостувајќи на музичкото шоу “ИмаТ немаТ” пееше песна која ја има напишано неговата мајка за друг пејач. Имено Спасен цело време дури ја пееше песната плачеше.

Спасен е доста активен на социјалните мрежи, каде често споделува фотографии од своето семејство и од работите кои ги прави во слободно време.

Се смета за човек без влакна на јазикот, признава дека често знае да ги крити кува полити чарите кога не се во право и на некои не им е баш омилен.

Но, мора да се признае дека пејачот умее да биде и доста романтичен, а тоа се гледа од фотографиите кои ги објавува од неговата сопруга која е вистинска убавица.

Имаат две деца, а како што самиот вели, најголемата поддршка ја добива од својата убава сопруга.

Како гостин во музичката емисија 7/8 Спасен го изрази своето негодување во врска со македонските пејачи кај кои на настапите преовладува српската музика.

– Јас сум се едуцирал со секаков жанр на музика – српска, бугарска, албанска, забавна и апсолутно ја почитувам секоја музика.

Едноставно ме нервира фактот што кај нас во Македонија е доминантна туѓата музика повеќе од нашата, особено турбофолкот.

Пред неколку недели кога пеев во ресторан, го замолив сопственикот во рекламата да напише „Вечер на македонска музика со Спасен Силјаноски“.

Кај нас тоа мора да се потенцира. Ап сурд – замислете да напишете во Белград „Српска музичка вечер со Мирослав Илиќ“.

– Не сакам нешто туѓо да е доминантно кај нас затоа што имаме многу убава музика признаена од цел свет.

Ж ал ми е што се наоѓаме во ситуација во којашто туѓото доминира повеќе од нашето, сепак јас сум истраен и си го негувам тоа што сум.

Ако не си ги сакате своите деца, родители, својата фамилија, не можете да ја сакате повеќе туѓата. Така и со музиката.

Мора да научиме да го почитуваме она што наше. Нема граници во музиката, но ние ги создаваме до каде што сакаме, завршува Спасен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.