Пејачката Ребека: Јас немам ден стаж, осигурана сум преку сопругот

  • By klaster2
  • април 1, 2022
  • 0
  • 518 Views

Ребека Јанковска-Ристески е позната македонска пејачка. Љубовта кон музиката ја има почувствувано многу рано, благодарение на нејзиниот татко Благоја.

Првиот посериозен исчекор на музичката сцена го прави во 1989 година, кога со составот Ребека ја снима песната “Недопирлив”. Групата постоела околу една година.

Таа долги години е на музучката сцена и важи за една од поквалитетните вокали. Пред се жена голем бо рец која отворено зборува за сите предизвици во животот.

Ребека е омажена со докторот Мики Јанковски со кого имаат три деца: Маркијан, роден во 2006 година, и близнаците Макариј и Доротеј, родени во 2013 година

Таа е првата македонска пејачка која сними високобуџетен видео спот, и со тоа ги помести границите во поп-музиката кај нас.

Од нејзиниот прв хит „Обиди се“, до последниот албум „Мириса на сон“, Ребека Јанковска-Ристески вели дека многу се променила и поинаку гледа на животните вредности.

Најзаслужен за тоа е нејзиниот најстар син Маркијан , кој неа и нејзиниот сопруг, доктор Милан Ристески, ги научил дека љубовта кон своето дете може и планини да помести.

Од 2013 година, нивниот дом е повесел и побогат за уште два члена, близнаците Макариј и Доротеј. На кој е особено горда.

Маркијан ги сака претставите, особено театарските и балетот. Голем дел од другарчињата во училиште го обожаваат и пресреќен е кога е со нив, кажа Ревека во едно неодамнешно интервју.

Во неодамнешно интервју пред камерите на Бекстејџ таа изјави: Јас сум осигурана преку мојот сопруг, немам ни ден стаж.

– Едноставно, сето тоа што го работев на македонската музичка сцена секогаш било со љубов и никогаш не сум размислувала за стаж.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.