Пејачката Мина: На 25 години ми кажаа дека нема да можам да имам деца, но Бог ми ја слушна желбата и ми ја исполни

  • By klaster2
  • декември 6, 2021
  • 0
  • 508 Views

Пејачката Јасмина Костиќ или попозната како Мина, долго време е на естрадата и се смета за една од најпознатите преставници на турбо- фолк естрадата не само во Србија но и на цел Балкан и пошироко.

Популарната Мина Костиќ никогаш не криела дека имала тешко детство и дека се бо рела да изгради кариера и да и обезбеди среќно детство на својата ќерка.

Поради големите животни искушенија се свртела кон црквата и религијата, а како што вели во таков ду х ја воспитува и својата ќерка.

– Често одиме во црква и ја учиме да верува во Господ. На крај се што ми се случи сум благодарна, тоа што се молев на Бога да имам дете,

– Бидејќи на 25 години ми кажаа дека не можам да имама потомство, а потоа се случи чудо. Секогаш се молев на Бога да родам девојче таква каква што е, а Господ ми одговори – вели пејачката за ,,Курир рс”

Рекла и дека има многу добри односи со ќерката и дека Анастасија е девојка каква што можеш само да посакаш. – Сакаше да биде модел, па ја запишав на модно училиште. Има висина и така е изградена, додава таа.

Мина Костиќ од неодамна гостуваше во утринската програма на телевизијата Курир, каде како гостин во емисија откри неколку непознати детали од животот на по којниот Џеј Рамадановски, со кого имаа одличен однос.

Имено, многумина знаат дека пејачката Мина Костиќ и Џеј Рамадановски биле многу блиски пријатели и дека работејќи заедно поминале многу во животот, но и дека делеле и добро и зл о во приватниот живот.

– Се дружев со Џеј, бев дел од неговиот живот. Не знам кому не му пеевме, а скоро секогаш работевме заедно. Дури и изградивме една зграда заедно, пејачката Мина Костиќ се присети на пријателството со Рамадановски и објасни:

– Во таа зграда инвестиравме. Им верувавме на луѓето со кои работевме и на крајот боси одевме по трње. Таа зграда постои и денес, некој друг ги земал парите.

– Но, на крајот, тоа не е важно. Останавме со празни раце а сите тие материјални работи доаѓаат и си одат, објасни Мина Костиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.