Пеце од Велес има доста тежок живот, веќе 2 годин и не видел светлина во својот дом, а неговите здраственa ситуација му попречуваат да си ги извршува секојдневните работи и да за заработува.
Пеце Николов по потекло е од Велес, но 27 години живеел во село Чашка бидејќи од таму потекнува и жена му, но откако таа заминала во вечноста тој се враќа во Велес.
Се враќа каде што ја чува мајка си, но откако и таа се упоко јува, тој останува потполно сам, одтогаш започнува неговото талкање во животот каде се му оди во надолна линија.
Зема социјална помош од само 6.000 денари и не се бања со месеци, долго време се храни само со леб и салама. А физиолошките потреби ги извршува во кофа во собата каде што живее.
Бел ден нема видено долго, а струја нема поради долг од 40.000 денари, веќе трета година неговиот дом е без светлина, сонува да биде повторно здрав како некогаш и да му се поправи домот во кој што живее.
– Откако ми заминаа најблиските останав препуштен сам на себе, работев како гро бар, но премрзнав таму, и до тогаш имам проблеми со ногата и ми е нефункционална.
– Проблемот со ногата од ден на ден растеше, лежев и во болница два месеци. Внуците не си ги гледам, еве до Април две години, вели тој пред камерите на ,,Срце на Дланка”
– Навечер пал ам свеќи, веќе две години сум во кревет, во кревет кој е ски нат и има дупка на средината, вели Пеце кој е на милост и немилост оставен.
– Има шанси да се спреми оваа соба, да имам пристојни услови, а најнеопходно ми е струја и бања за да одржувам лична хигиена, бидејќи физилошките потреби ги извршувам во кофа.
– Една соседка ми донесува храна, јадам еднолична храна салама и леб. Се перам во кофа, ќе повикам некој од соседите кој ми помагаат. Од минатиот март не сум бањат.
– Се надевам дека некој ќе ми помогне, веќе две години талкам во место, долгот за струја е 43.000 денари, социјалното стигнува само за храна.
Пеце се надева дека соседката која му помага ќе може да биде и негова негователка и да зема надомест од државата за тоа.
Доколку сакате да му помогнете на Пеце да ја види светлината на животот тоа може да го сторите на трансакцисакта сметка 210501625110598 или телефонскиот број 075 304 405