Откако излезе вест дека Апасиев има швалерка, се огласи неговата сопруга Тамара

  • By admin
  • октомври 8, 2021
  • 0
  • 51364 Views

Како опозиција ги поддржуваме сите иницијативи за пад на Владата на Заев, но досега не сме учествувале во преговори за евентуално ново парламетарно мнозинство, кое би се случило по изборите. Ова вечерва го изјави претседателот на Левица Димитар Апасиев, одговарајќи на новинарско прашање.

-Неминовно е ако дојде до пораз на СДСМ, да се разговара за Предвремени избори, меѓутоа тоа се детали за кои сега не би можеле да зборуваме бидејќи не го знаеме исходот, истакна Апасиев.

Апасиев потенцираше дека партијата Левица на локалните избори има 40 листи и 8 кандидати за градоначалници, а рејтингот од последните Парламентарните избори, како што рече, е двојно зголемен. Според него, тоа им дава право да очекуваат од 50 до 60 советници на претстојните Локални избори.

На новинарско прашање како ја оценува досегашната кампања, Апасиев изјави дека таа од самиот старт е нефер бидејќи, како што рече, во делот на Платено политичко рекламирање, 90 проценти од „колачот“ земаат четири партии, а за помалите партии остануваат „трошки“ од 7 проценти.

Претседателот на Левица, заедно со пратеникот Борислав Крмов присуствуваше на отворањето на канцеларијата на Левица, која во Делчево на локалните избори настапува со сопствена советничка листа.

До ДКСК пристигна пријава за нерегуларни трошења на кандидатката за градоначалник на Град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска.

Данела Арсовска, официјално, е независен кандидат за градоначалник на Град Скопје, со различен број на гласачкото ливче од партијата ВМРО-ДПМНЕ, без склучен договор за коалицирање во изборниот процес.

Тоа значи дека, согласно Изборниот законик, на Арсовска ѝ следува само 3 отсто од буџетот за платено политичко рекламирање, односно околу 15.000 евра и само 30 секунди на секој час емитувана програма, како и за сите останати независни кандидати.

Meѓутоа, Арсовска користи 45 отсто од првиот пакет на парите кои им следуваат на ВМРО-ДПМНЕ и ААА, или според Димитар Апасиев од „Левица“, околу еден милион евра за реклами и потенцираше дека во овој случај има кр ивична одговорност за трошење буџетски пари за друг правен субјект, со друг даночен број, а не за оној кому му следува.

Политичката партија „Левица“ до ДКСК пред два дена поднесе претставка за случајот со трошењето на парите за кампања од Арсовска, со образложение дека тоа е незаконско.

Сопругата на Апасиев, Тамара Јованов попладнево се огласи преку фејсбук каде што сподели статус:

-Слушам од ботовит на дпмне во “фер” кампањава, Апасиев имал швалерка. Како знаат кога да ја откријат, таман кога ми е за генералка дома.Частам пиво, за инфово.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *