Отворањето на границата со Грција веднаш се одрази и скокна бројот во дневниот коронa биланс

  • By admin
  • мај 15, 2021
  • 0
  • 704 Views

Како што е познато македонските граѓани повторно може да патуваат во Грција. Засега границата се минува само преку преминот Богородица – Евзони.

Но, за да може некој да оствари влез кај јужниот сосед мора да исполнува и одредени услови. За протоколот и потребните документи заедно со одлуката за отворање на границата биле известени и македонските погранични служби.

Според моменталните правила граничниот премин Евзони за влез во Грција ќе работи од 6 часот наутро до 22 навечер по македонско време.

За влез во Грција, независно од државјанството, потребно е да се пополни формулар ПЛФ на веб-страната travel.gov.gr, најмалку 24 часа пред датумот на влез.

Според протоколот за влез, сите граѓани што патуваат кон Грција треба да поседуваат негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа или сертификат за примени две дози вакцини (14 дена поминати од втората доза вакцина).

Признаени ќе бидат сите сертификати за извршена вакцинација, додека за деца до 5 години не е потребен ПЦР-тест.

Министерот Венко Филипче се огласи денес со дневниот биланс во кој вели:

Во последните 24 часа се направени 4.196 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на Ковид 19 во:-Скопје 30-Куманово 13 -Кичево 8 -Битола 7 -Радовиш 6 -Охрид 5 -Прилеп, Кочани и Македонска Каменица по 4 -Тетово, Велес, Кавадарци, Струмица, Делчево, Пробиштип и Кратово по 3 -Штип и Неготино по 2-Гостивар, Гевгелија, Свети Николе, Крива Паланка, Виница и Валандово 1

Пријавени се вкупно 13 поч инати лица: 3 од Скопје (66г,75г и 90г), по две лица од Битола (85г и 89г) и Струга (76г и 85г), по едно лице од Куманово (88г), Тетово (85г), Охрид (66г), Гостивар (69г), Кавадарци (71г) и Кочани (55г).

Регистрирани се 2.179 оздравени пациенти од:-Скопје 924 -Куманово 189-Битола 166 -Прилеп 137 -Тетово 97 -Охрид 94 -Велес 76 -Кичево 65 -Гостивар 60 -Штип 55 -Кавадарци 43 -Ресен 41 -Гевгелија 28 -Струмица и Струга по 26 -Неготино 24 -Кочани 23 -Делчево 18 -Свети Николе 17 -Виница и Демир Хисар по 14 -Радовиш 9 -Крива Паланка, Богданци и Крушево по 8 -Македонска Каменица и Валандово по 3 -Пробиштип 2 -Демир Капија по 1

Досега во земјата се направени вкупно 753.923 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.636, бројката на оздравени пациенти е 145.606, на поч инати е 5.197, а бројот на активни случаи изнесува 3.833.

Она што веднаш паѓа во очи на дневниот биланс е зголемениот број на тестирани, кој надминува над 4000 лица, цифра која што беше во најголемито пик.

Но веројатно причина за ваквиот скок на тестирани лица е токму поради патувањето во странство, поточно во соседна Грција која од вчера ги отвори границите.

Како што е познато, еден од условите со кои може да се влезе на нивна територија е негативен ПСР тест.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *