Од утре уште во две држави каде живеат бројни Македонци ќе може слободно да патуваат нашите граѓани

  • By admin
  • јуни 23, 2021
  • 0
  • 2693 Views

Австрија ја вклучи Македонија во безбедните земји во врска со пандемијата на коронарниот вирус, што ќе им овозможи полесно патување на македонските граѓани во таа земја.

Од утре, кога стапува на сил а новата регулатива на австриското Министерство за здравство, граѓаните на Македонија ќе можат да патуваат во Австрија.

Покрај Македонија, на списокот на безбедни земји се додадени и САД, Србија, Албанија, Хонг Конг, Јапонија, Макао, Саудиска Арабија, Тајван, Тајланд и Виетнам.

Граѓаните од овие земји ќе можат да влезат во Австрија со потврда за вакцинација или негативен тест, односно лекарско уверение.

Од воведувањето на ограничувачки мерки, влезот на македонските граѓани за туристички цели беше спречен во Австрија.

Само оние кои имаа дозволи за престој или посебни причини би можеле да влезат во земјата, најпрво само со негативен PCR-тест и задолжителен десетдневен карантин или без карантин доколку се вакцинираат.

Холандија од 24 јуни ги отвора границите за патниците од Македонија, Албанија, Србија, САД, Либан и Тајван, јавуваат локалните медиуми.

Патниците од овие шест држави, вклучително и туристите нема да мора да покажат негативен ПЦР тест или потврда за вакциниција. Тоа значи дека нема да одат ниту во карантин.

Одлуката ја објави холандската Влада по препорака на Советот на Европската унија да ги додаде споменатите земји на списокот на епидемиолошки безбедни земји.

Сепак, оние кои ќе дојдат во Холандија со авион, ќе мора да пополнат здравствена изјава, што некои авиокомпании дозволуваат да ја пополнат во дигитален формат кога патник ќе провери за лет.

– Ако доаѓате од земја во која ризикот од заболување со ковид-19 е мал (безбедни земји), не мора да покажувате негативен резултат од тестот кога патувате во Холандија. Исто така, не мора да влегувате во самоизолација по пристигнувањето во Холандија – објави владата на таа земја.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *