Од утре нови правила за влез во Швајцарија

  • By admin
  • септември 19, 2021
  • 0
  • 2944 Views

Сите патници што влегуваат во Швајцарија од понеделник мора да се регистрираат електронски, без оглед на начинот на кој влегуваат во земјата, според новиот декрет на швајцарската влада, кој има уште една новина за невакцинираните.

Имено, швајцарската влада издаде нов декрет за влез во земјата, според кој од понеделник, 20 септември, сите оние кои не биле вакцинирани и не се заразиле со коронавирусот, при влез во Швајцарија ќе треба да покажат негативен тест,

Притоа четири до седум дена по влегувањето во земјата ќе треба повторно да се тестираат и резултатот да го пријават во кантонот во кој живеат или престојуваат за време на нивниот престој во Швајцарија.

Сите патници, без разлика дали се вакцинирани или не, мора да пополнат електронски формулар за да влезат во Швајцарија, без разлика со какви превозни средства влегле во земјата.

Министерот за здравство Ален Берче рече дека ќе следуваат казни за оние кои не се придржуваат кон мерките. Kазната за немање тест е 200 франци, и ако некој нема електронски формулар ќе треба да плати 100 франци.

Исклучоци има за патниците во транзит, за превоз на стоки и прекугранични работници, како и за оние под 16-годишна возраст.

Контролите нема да бидат сеопфатни, туку ќе се прават на случаен примерок. На границите, Царинската управа и локалната полиција се задолжени за контрола.

Тестирањето пред да влезе во земјата, како и по пристигнувањето во Швајцарија, го плаќа патникот, а се признаваат тестови за антиген и ПЦР тестови.

Покрај овие обврски, швајцарската влада објави дека лицата вакцинирани во странство или кои се заразиле со коронавирус во странство, можат да добијат швајцарски ковид сертификат.

Овој сертификат може да го добијат само оние што се вакцинирани со оние вакцини признати од ЕМА, и на тој начин на туристите им е овозможено да учествуваат во општествениот живот на Швајцарија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *