Од Скопскиот аеродром со известување за сите што планираат да патуваат во Германија

  • By admin
  • јуни 24, 2021
  • 0
  • 11006 Views

Скопскиот аеродром на својот профил на фејсбук се огласи и во своето соопштение напиша:

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

Почитувани патници, Германија ја ажурираше листата на земји кои не се во ЕУ, а од каде патниците сега ќе можат да патуваат од несуштински причини, односно како туристи, од 20 јуни 2021 година.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

Би сакале да Ве известиме дека согласно одлука на Германската влада, сега е дозволен влез во Германија, за вообичаено дозволени цели, вклучително и туристички, од следниве земји: САД, Тајван, Хонг Конг, Макау, Албанија, Србија, 🇲🇰Северна Македонија и Либан.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

Новите правила стапија на сила во 00:00 часот, недела, 20 јуни 2021 година.

За повеќе информации кликнете на линкот

Патувањето во Германија е дозволено за патниците, односно граѓаните на земјите наведени во листата, со следниве услови или барања:

Негативен антигенски тест за КОВИД-19, направен најдоцна 48 часа пред пристигнување; или

Негативен PCR, RT-LAMP или TMA тест за КОВИД-19, направен најдоцна 72 часа пред пристигнување; или

Сертификат за вакцинација (Сертификатот мора да содржи информација дека патникот бил целосно вакциниран, најмалку 14 дена пред заминување и мора истиот да се приложи на англиски, француски, германски, италијански или шпански јазик. AstraZeneca (Vaxzevria), Janssen, Moderna and Pfizer-BioNTech – прифатени вакцини).

Ако во последните 10 дена патникот не престојувал во ризична зона, Боцвана, Бразил, Есватини (Свазиленд), Индија, Лесото, Малави, Мозамбик, Непал, Јужна Африка, Велика Британија, Уругвај, Замбија или Зимбабве (https://www.rki.de/…/Risikogebiete_neu.html;jsessionid…)

За повеќе информации, дополнителни објаснувања и евентуални измени‼️, Ве молиме контактирајте ја 🇩🇪германската амбасада во Скопје и авиокомпанијата со која патувате.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.