Од Германија доаѓа и тоа како поволна вест за Македонци што живеат и работат таму

  • By admin
  • мај 28, 2022
  • 0
  • 345 Views

Германското Министерство за здравство најави дека има намера од 1 јуни да ги олесни правилата за влез во земјата воведени поради ковид-19, објавија германските медиуми.

Лаутербах изјави за медиумската група „Функе“ дека правилата што важат за сите луѓе постари од 12 години, без разлика од каде доаѓаат во Германија, ќе бидат суспендирани од 1 јуни до крајот на август, пренесува АП.

„Ќе го сусп ендираме правилото ‘3Г’ за влез до крајот на август“, рече министерот за здравство Карл Лаутербах, според извештаите на медиумите.

Според новата одлука, при премин на границата повеќе нема да бара потврда за вакцинација, прележаност или негативен тест.

Новите правила ќе треба да бидат одобрени од владата, која треба да ги одобри и сите вакцини против коронавирус одобрени од Светската здравствена организација, дури и ако тие не се одобрени во Европската Унија.

Бројот на случаи на коронавирус во Германија опаѓа. Институтот „Роберт Кох“ во вторникот регистрира 64 437 нови случаи, што е за 21 815 помалку од пред една недела.

Сепак, владата најави дека ќе обезбеди дополнителни 830 милиони евра за набавка на вакцини кои ќе помогнат да се сузб ијат можните варијанти на коронавирусот наесен.

Овие најави и тоа како се поволни и за многубројните македонските граѓани кои живеат и работат во Германија.

Со оглед што традиционално преку лето многумина наши користата одмери и си доаѓаат во родните места, а пак многумина нивни роди одат во Германија на гости кај нив.

Со новите мерки впрочем се враќа во нормалност и пред појавата на вирусот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *