Родителите кои имаат деца со посебни потреби имаат подвиг 365 дена во годината нив помошта им е повеќе од неопходна ова се зборовите на Ергин Борова стружанец кој повеќе од 20 години живее и работи во Холандија, а го мотивираа да се изгради дом и дневен центар за деца со посебни потреби во неговата родна Струга.
Тој пред камерата на Сител ТВ вели дека станува збор за модерен центар за дневен и ноќен престој каде стручен тим покрај за грижата ќе работи и за развојот на тие деца додавајќи дека за таа цел отворена е фондација во Холандија наречена грижа за деца со посебни потреби.
„Јас мислам дека градот, но и државата има потреба за такво нешто. Сакаме модерен центар за дневен престој и модерно живеење за децата кои не може да се грижат.
-Тоа ми е сонот, за тоа имам преземен иницијатива, да ги ангажирам сите во градот и да воспоставиме еден такво центар“, вели во изјава за ТВ Сител.
За подигнување на свеста после една година тренинг Ергин Борова исплива 13 километри од Охрид и Струга и ја заврши својата првична мисија бидејќи како што вели децата со посебни потреби се грижа на сите нас.
„Јас мислам да пливаш од Охрид до Струга е подвиг, ама тоа е еднаш. А родителите на вакви деца имат подвизи секој ден, 365 дена годишно. Ако ним не и треба помош, тогаш не знам на кого би требало да се помогне“, додава Борова.
Овој хуман проект е подржан од општина Струга моментално се разгледуваат две до три локации каде би се изградил дневниот центар кој ќе обезбеди грижа не само за неколку часа, туку и долгорочно сместување.
Стружанецот Борова вели дека сонот станува реалност доколку се има желба истиот да се реализира неговиот сон е хуман се со една идеја почесто да се грижиме за лицата со посебни потреби а не само во обележаните денови.
Цела сторија со видео прилог може да ја проследите на Сител ТВ.