Според утринскиот извештај на ЦУК, пожарот во атарот на делчевско е активен при што се појавиле нови жа ришта и тоа едното кај с.Разловци, а другото кај с.Нов Истевник.
Според известувањето од ТППЕ Берово, сите пожари на беровска територијата се локализирани и ставени под контрола. Во текот на денот ќе се догасува на риз ичните места.
БППЗ на град Скопје, со 5 пожарникари и 2 ПП возила, од 15:30 часот интервенираат на гасење на мешана шума во с.Раовиќ (опш.Сарај).
БППЗ на град Скопје, со 5 пожарникари и 2 ПП возила интервенираат на зап алена дабова шума во с.Дивље и м.в.Крушје (опш.Петровец). Овој пожар беше и кај с.Џидимирци (опш.Велес), каде е локализиран.
Во општина Прилеп, пожарот во атарот на селата Дрен – Смолане во моментот е ставен под контрола. Во гаснењето на пожарот интервенирале ТППЕ Прилеп 9 пожарникари, Затвор Прилеп 12 лица, ДЗС Прилеп и Битола 13 лица, АРМ 20 припадници, Шумско Прилеп 6 лица и месно население 1 човек.
Од утринските часови на терен се ТППЕ Прилеп со 10 пожарникар со 2 ПП возила.
Пожар во атар на с.Жељувино и с.Дренок (опш.Старо Нагоричане). Интервенирале ТППЕ Старо Нагоричане со 4 пожарникари со теренско возило со цистерна, ТППЕ Куманово со 3 пожарникари и 1 ПП возило, ШС Куманово со 4 лица и 5-6 лица од месно население. Во моментов на местото нема ог ан и пл амен, само има дим.
Новинарот на ТВ 24, Огнен Јанески се огласи вчера на својот профил на фејсбук каде сподели:
Тоа што сте се вратиле порано и сте си го ,,прекинале предвреме” одморот не ве вади од себичноста и аро ганцијата. Пази Бога ти, па уште ,,… предвреме го прекинаа летниот одмор.”.
Па тој не требаше ни да започне, ни во луд ило. Тоа ви е работа, за тоа сте платени. Ако вака се однесуваа медицинските работници за време на пандемијата, каде ќе ни беше крајот?
Ама, пак, тие имаа желба да одат на одмор, но, не им дозволивте. Исто како што ние вам не ви дозволивме да ,,уживкате во одморот”. Оти има внатрешен порив за сечија професија, а вам изгледа тоа ви недостасува.
Јас да бев Словенија, Романија, Бугарија, Србија и Австрија, првиот момент кога ќе прочитав дека највисоката власт отишла на одмор, ќе се спакував и ќе си заминев. Ако главните не се тука да се грижат, зошто пак странците би се грижеле.
Ама, ете, им благодариме на сите наши пожарникари, сограѓан(к)и, АРМ, Шумски стопанства, доброволци, ЦУК, ДЗС и останатите, како и на сите странци (особено) за сета вложеност во справувањето со пожарите.