Оглас за кој со денови се зборува низ Германија: Вработениот ќе добие плата од 350.000 евра, а потребен е само еден услов

  • By klaster3
  • ноември 20, 2022
  • 0
  • 315 Views

Општо познато е дека голем број на луѓе од Балканот и пошироко со години спасот од сиромаштијата го бараат во работењето на запад – поточно, Германија, Австрија, Швајцарија.

Подобар живот, повисок стандард, повисоки плати, се само дел од причините кои голем број Македонци ги влечат кон Германија. А деновиве излезе оглас за работа кој можеби ќе заинтересира и некој Македонец.

Германскиот министер за економија Роберт Хабек (Зелени) бара фотограф со помош на неговото министерство. Фотографот кој ќе биде избран за оваа позиција ќе зема пристојна плата, пишуваат германските медиуми.

Во огласот стои дека избраниот фотограф во рок од две години треба да добие повеќе од 350.000 евра. Затоа фотографот ќе биде вработен со договор кој треба да важи од 1 јануари 2023 година до 31 декември 2024 година.

Можно е продолжување на договорот за две години. „Министерството бара фотограф за краток период кој ќе го придружува министерот и ќе фотографира по нарачка“, стои во огласот за вработување.

Берлин е наведен како главно место за работа. Според описот на работното место, главното место на работа на бараниот професионален фотограф се просториите на Министерството за економија во Берлин.

Задачи на идниот фотограф: Фотографирање за време на патувања и состаноци, обезбедување слики и обработка на слики, нарачана фотографија за односи со јавноста на Министерството за економија и архивирање на направените фотографии.

Германските медиуми јавуваат дека во огласот не е наведено фиксно работно време. Заинтересираните за оваа позиција да побрзаат: Конкурсот на веб-страницата на Министерството трае до 6 декември.

Според германските медиуми, ангажирани фотографи имаат и други министерства во Германија. Во кабинетот на канцеларот има дури четворица.

Фотограф од Министерството за развој, на пример, заработува приближно исто како и фотограф што ќе работи за Хабек.

Фотограф во Министерството за градежништво инкасира 20.865 евра за само 17 месеци (до крајот на 2023 година), пишуваат германските медиуми.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.