Ова е човечност: Ѓоковиќ лиже од иста лажица заедно со уште стотина присутни во црквата

  • By klaster2
  • јануари 28, 2022
  • 0
  • 254 Views

Случајот Ѓоковиќ ги бранува не само тениските води во Австралија и светот повеќе од две недели. Скоро цел свет застана зад него.

Тој не е вакциниран против коронавирус и се смета за сп орна личност во Австралија, земја која презема големи мерки за стопирање на пандемијата.

Австралиските власти одбија да го пуштат Новак Ѓоковиќ уште кога тој пристигна на аеродромот во Мелбурн, на 5 јануари.

Според граничните власти, документите со кои тенисерот докажувал медицински исклучок, врз основа на што треба да му биде дозволен влез во земјата, не биле доволни.

Меѓутоа, со оглед на тоа што на Ѓоковиќ не му било оставено доволно време да реагира, судот во Австралија пред некој период поништи одлуката за забрана за влез на тенисерот.

Оттогаш Ѓоковиќ тренираше нормално и се подготвуваше за турнирот, каде е бранител на титулата, но за жал по сите перипетија на крај тој мораше да ја напушти Австралија.

Ѓоковиќ неодамна беше депортиран од Австралија по неколкудневна дра ма во која прво беше запрен на аеродромот, а потоа задржан во хотел за мигранти бидејќи немал потврда дека е вакциниран против коронавирус.

И покрај про тестите, големите пораки и од политиката, судот во Мелбурн со кој претседава судијата Џејмс Алсоп пресуди дека е оправдана одлуката на министерот Алекс Хок да му одбие виза на тенисерот.

Одлуката се заснова на мислењето дека Ѓоковиќ претставува оп за кана за јавното здравје на Австралијците и таа одлука дојде поради тоа.

Новак Ѓоковиќ по епизодата во Австралија дојде и одмара во Белград, а во четвртокот беше на литургија во храмот Свети Сава. Таму се причестил со други луѓе и се причестил од истата лажица како и стотици други луѓе.

Во Србија за 24 часа од корона заминале во вечност 40 лица, а потврдени се над 17.000 нови случаи. Но за популарниот Ноле тоа не е проблем.

Видеото на кое Ѓоковиќ се причестува од иста лажица како и сите други, ја објави Стефан Шариќ, викарниот епископ на патријархот на СПЦ (СПЦ). Патријархот Порфириј го причестува Ѓоковиќ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *