Добро познато е дека Германија за многу Македонци е ветена држав, како за оние кои се таму, така и за дел кои што се овде.
Можеби веднаш се прашувате како за овие овде, но одговорот следи во продолжение. Имено дел од фирмите кои работата овде се со германски капитал.
Од друга страна кога ќе се погледнт колку пари се внесени во Македонија од непосреден извоз во Германија, работите стануваат јасни.
Македонската амбасада во Германија преку својата официјална веб страница се огласи со вест во која што се вели:
Податоци за трговската размена на Германија во однос на Македонија за периодот јануари- декември 2021, споредено со периодот јануари-декември 2020 врз основа на прелиминарните податоци од страна на Германскиот сојузен завод за статистика објавени на 09.02.2022г.
Вкупна трговска размена во илјади евра: јануари-декември 2021г – 4.658.982.000 евра / јануари- декември 2020г. – 3.820.831.000 евра; Промена во % во однос на истиот период од претходната година: 21,9%.
Германски увоз (македонски извоз) во илјади евра: јануари-декември 2021г. – 3.474.445.000 евра / јануари-декември 2020: 2.789.877.000 евра Промена во % во однос на истиот период од претходната година:+ 24,5%.
Германски извоз (македонски увоз) во илјади евра јануари-декември 2021г. – 1.244.537.000 евра / јануари-декември 2020г. – 1.030.954.000 евра; Промена во % во однос на истиот период од претходната година: + 20,7%.
Надворешно трговскиот баланс изнесува 2.229.908.000 евра дефицит на германска страна, односно суфицит на македонска страна за периодот јануари-декември 2021г. за разлика од 2020г. 1.758.923.000 евра или пораст +26.8%.
Германија и во 2021 година била најзначаен трговски партнер на Македонија.