Новинарката Мери Јордановска: Казнете ме, но ова вредеше

  • By admin
  • мај 8, 2021
  • 0
  • 1365 Views

Новинараката Мери Јордановска која е со големо искуство во оваа професија е доста активна и на социјалните мрежи каде ги истакнува своите ставови, но и споделува моменти од својот приватен живот.

Нејзините објави секогаш привлекуваат големо внимание, па така беше и овојпат кога сподели еден емотивен момент.

Мери Јордановска се огласи на својот профил на фејсбук каде напиша:

-Понекогаш толку многу сакам да проговори, да ми каже што сака, ама во неможност на сето тоа, јас го правам она што мислам дека нему му треба.

Нецела година откако го „спасив“ (најдов), слеп, и откако го делеа секунди да биде смлатен под моторот од една кола, Тајсон го изнесов надвор.

Не знам дали го „гледа“ светот онака како што го гледам јас, се надевам не, но моментот на воодушевеност на секое заигрување на лисјата, на секој сончев зрак, на секој природен шум во сред полициски час (казнете ме, но ова вредеше), беше фасцинантен!

Сончогледот, оставен од некое детенце, што се вртеше на ветрот на асфалтот си го зедов дома, само затоа што тој толку воодушевено гледаше (или чувствуваше) на сè што движи на земјава, на секое ливче, на секое поигрување на ветрот, на секој сончев зрак, беше неверојатен.

А не знам ниту колку гледа, со едно око, со размачкана зеница… Ама најверојатно многу повеќе од многумина од нас.

Не знам кој кого спаси, Тајсон, ама фала ти. Ова беше убава вечер. Добро утро, Скопје, и убав викенд

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *