Никола од скопско Кадино има 22 години, неговото братче Богдан само шест, а со нив живеат и нивните баба Лиле и дедо Спасо, а сите нив ги врзува љубовта кон животните.
– Во нашата фарма имаме голем број на животни, прво започнавме со живина, а потоа и со покрупен добиток како што се кози и свињи.
– Уште од најмали години кога ме прашуваа што сакаш да работиш јас велев дека сакам да учам ветеринарно и да се занимавам со животни.
– Па така и ми се исполни таа желба. Завршив средно ветеринарно училиште и донекаде сам ги лекувам животните, но доколку не знам нешто ги повиквуам матичните лекари.
– Во нашата фарма моментално имамае околу 50 мали прасиња и 12 свињи. Од живина поседуваме, кокошки,шатки и мисирки од кои повеќето јајца ги употребуваме за наша потреба.
– А помал дел продаваме на луѓето, да видат што е домашно производство. Од шатка јајцето ми е најубаво бидејќи е најкалорично, вели Никола.
– Започнавме со две кози, а сега ги имаме 22 две. Исто така кога запорлети времето земаме и телиња и ги чуваме, додава ова работливо момче пред камерите на ,,Зевзекманија”
– Козјо млеко освен ние што пиеме даваме и на телињата за да пораснат. Животните ги храниме претежно со домашна поризведена храна која ја поризведуваме во нашите ниви.
– Имаме пет хектари ниви и претежно од нив црпиме за исхрана од типот, на пченка, ориз, детелина за козите и слично, додава Никола.
Дедо му пак Спаско е задолжен воглавно за земјоделието: Денот ми започнува во зори со утринско кафе, одење да го погодам добитокот па потоа на нивите.
Никола работи во земјоделски магацин, а потоа додека не падне мрак е посветен на животните: Во кафулиња не излегувам јас, многу ретко.
– Понекогаш излегувам со другарите, но повеќето сум дома и сум посветен на фармата. Сакам да го зголемам фондот на животни.
– Бидејќи со овие животни што ги имам вадам и уште една добра плата, што за моите години е супер. На годишно ниво можам да си овозможам автомобил од добитокот.
– Но јас не вложувам во автомобил, туку вложувам во зголемување на фармата. Не купуваме од продавници, користие исклучиво наше месо бидејќи знаеме што сме произвеле.
– Не би го заменил селото ниту за градот ниту пак за стан и нешто слично. Во куќа е најубав животот. Да ми дадат стан од 100 квадрати веднаш ќе го продадам и ќе купам простор за фарма, вели Никола.