На литургијата што се одржа во црквата Свети Климент Охридски во Скопје, патријархот Порфириј изјави дека Соборот на Српската православна црква ја прифаќа и ја благословува автокефалноста на Македонската православна црква – Охридската архиепископија.
Верниците со ентузијастички аплауз ја поздравија одлуката. Со тоа се реши спорот што го оптоваруваше статусот на Македонската православна црква од 1967 година.
Имено, Македонската православна црква еднострано прогласи автокефалност во 1967 година, иако не доби согласност од Српската православна црква и останатите православни цркви ја смета за отпа дник.
Првата промена на статусот на МПЦ се случи на 9 мај годинава, кога Светиот синод на Вселенската патријаршија (Цариградската патријаршија) го објави признавањето на Македонската православна црква, нејзината ерархија и верниците и воспостави евхаристиска заедница со неа.
Поимот автокефалност во православните цркви значи самостојна црква која не зависи од ниту една друга православна црква. По тој повод со честитка се огласи и поранешниот премиер Никола Груевски.
„На 9. Мај ја честитав големата одлука на Цариградската патријаршија за враќање во канонско единство на МПЦ-ОА и прекинување на периодот на ши зма/рас кол. Тоа беше предуслов за се друго.
Денес 24 Мај, на денот кога се слават светите Кирил и Методиј со задоволство честитам за објавената радосна вест за очекуваната и веќе донесената одлука на СПЦ за доделување статус на автокефалност на МПЦ-ОА.
Тоа е огромен успех и максимум што може да се добие, особено кога ќе се знае дека најголемиот дел од издадените томоси за автокефалност се според имињата на седиштата на древни цркви и помал дел според одредени територии, но не и со национален предзнак.
Така е и со СПЦ (Печка архипескопија) и со РПЦ (Московска патријаршија), со БПЦ (Трновска архипескопија) итн.
Националниот предзнак се користи во неформалната и понекогаш и во формалната комуникација но не и во актот за признавање на автокефалност-Томос.
Томосите на сите православни цркви во денешно време се јавно објавени на интернет. Како што и тогаш напишав, нема да треба да се менува ниту уставот на МПЦ-ОА, ниту нејзиното име.
Не постојат никакви проблеми со функционирњето на МПЦ-ОА во дијаспората. Со други зборови и да не постоеше проблемот со името, томосот немаше да биде издаден со национален предзнак.
Незнам за кога се планира формалното предавање на Томосот, но можеби тоа ќе е на Педесетница 12 јуни, роденденот на црквата, родена 50 дена по Велигден, кај нас познат како Духов ден кој од 2007 година е празник и неработен ден.
Но, кога и да се изврши формалниот дел на предавањето на томосот, важно е дека одлуката за автокефалност е донесена и објавена.Нека е честита и нека е вечна автокефалноста!“