Никола Груевски слави роденден – се огласи утрово и испрати порака

  • By admin
  • август 31, 2021
  • 0
  • 5798 Views

Никола Груевски, екс лидерот на ВМРО ДПМНЕ и поранешен премиер на Македонија веќе неколку години живее во Будимпешта.

Тој беше министер за финансии во владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Љубчо Георгиевски од 1998 до 2002 година, претседател на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ од мај 2003 до декември 2017 година и претседател на владата на Република Македонија од 26 август 2006 до 18 јануари 2016 година.

Во ноември 2018 година избега во Унгарија каде што има побарано политички азил од тамошните власти откако требал да одлежи 2-годишна затворска казна во Македонија.

Никола Груевски е роден во Скопје на 31 август 1970 година. Татко му Тало потекнува од леринското село Крушоради во Егејска Македонија, денешна Република Грција.

Тало е доктор на науки на Белградскиот универзитет и пред тоа долгогодишен професор на Шумарскиот факултет при Скопскиот универзитет. Мајка му Надежда е од Штип, сестра на првиот министер за внатрешни работи на Република Македонија Јордан Мијалков. Груевски основно и средно образование завршил во Скопје.

Дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп, при Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола во 1994. Се здобил со квалификации за меѓународниот пазар на капитал на Лондонскиот институт за хартии од вредност во 1996.

Во периодот 1995-1998 година работи како директор на одделот за „безбедност, планови и анализи“ во Балканска банка во Скопје. Потоа продолжува како управник од Република Македонија во Светската банка и во Европската банка за обнова и развој. Бил претседател и основач на брокерската асоцијација на РМ (1998) и ја направил првата трансакција на македонската берза.

Груевски денес слави роденден денес, полни 51 година, а се огласи на фејсбук

-Денес е 31 август, денот кога во 1924 година е уиен еден од најславните водачи на ВМРО, Тодор Александров, кој станал легендарен меѓу народот уште низ годините додека бил жив и кој по првата светска во јна кога организацијата е во длабока кри за.

Ја возобновува со своите извонредни организациски способности, со многу посветеност, упорност, мотивирачки настапи и активности и секојдневни одлучни акции.

Неговиот живот е исполнет со многу бу рни настани, за чии опис е потребен многу простор. Затоа во овој “In mem oriam” ќе се задржам само на еден значаен момент поврзан со него, а тоа е тврдењето дека тој го нарачал уството на Ѓорче Петров.

Настан што бугарските служби и социјалистичката историографија, а дел од историчарите и некои политичари и до ден денешен, ни го преставуваа како нешто што е апсолутно сигурно и со цврсти докази, но да видиме дали е така, да ги видиме фактите, па секој сам нека процени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.