Поранешениот премир и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски попладнево се огласи на својот профил на фејсбук каде напиша:
Денес многумина ме прашуваат дали овие разговори што вчера се појавија на Јутјуб каналот The true above all помеѓу мене и Камчев се случиле и дали ќе влијаат на судскиот процес.
Да, тие разговори се случија во фебруари 2021 година. Овие разговори ги водевме на почетокот на процесот и тие уште еднаш покажуваат под каков бру тален прит исок се луѓето опфатени и ставени на листата на власта за политички про гон, каде правосудниот систем е само егз екуторот, вклучително и самиот Камчев.
Секако јас сум прв на листата за “от стрел” па подготвени се на секакви работи само за што повеќе да ме об винат и осу дат.
Тоа не е политика. Тоа не е нормална политичка бо рба, а најмалку правда и демократија. Нема да има напредок додека се ова е реалност.
Луѓето се изложени на секакви можни прити соци и уце ни за некој да исполни нечии желби и зацртани политички цели. Во крајна линија тоа не е ни човечки.
Незнам дали овие снимки ќе влијаат на суд скиот процес. Знам само дека исти вакви снимки во случајот “Рек ет” беа прифатени за докази и се донесоа судски пре суди на база на тие докази.
Овие снимки точно покажуваат дека немам никаква врска со таканаречените “Плацеви на Водно”. Јасно е дека никој не зел милион и пол евра од партија.
Јасно е дека од никого не сум барал никакви услуги или совети за купување на тие плацеви. Самиот Камчев ми кажа дека имал подготвено и физибилити студија за изградба на старачки дом за лица на кои им е потребна лекарска грижа. Самиот Камчев ми кажа под каков прит исок бил не само тој, туку и останатите об винети и сведоци за да даваат ла жни искази.
Но, нашиот правосуден систем е полн со противречности и двојни аршини и нема ништо да ме изненади. Секако, нема да ме изненади ако и оние 8% доверба во судството станат и помалку.
Луѓе лежат во зат вори невини или свесно осуд ени со погрешни квалификации со цел да им се доделат подолги затв орски ка зни, заради некои политички цели.
Стотици други не се излезени од судовите заради истите цели а повеќемина користиме политички аз ил за да се заштитиме од овој бру тален однос на власта.
Станавме земја со многу политички затв орени, прогону вани и емигри рани лица и тој процес продолжува и се продлабочува.
Повторувам, нема да има реален напредок во Македонија, ниту доверба во системот, додека се водат вакви валкани политики и правосудниот систем се злоупот ребува за вакви цели.