Никола Груевски: Работев многу чесно и многу одговорно, чувствувам голема неправда

  • By admin
  • април 11, 2022
  • 0
  • 383 Views

Никола Груевски, pоранешниот македонски премиер, и поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, се ставени на цр ната листа на САД, со блокирање на нивниот имот во САД, имот или финансиски трансакции, а заедно со нив на листата за забрана за влез во Америка се ставени и членови на нивното најблиско семејство.

Ова го соопштија денеска на брифинг високи претставници на американската администрација, кои посочија дека Груевски и Мијалков, заедно со поранешната главна обв инителка на Босна и Херцеговина Гордана Тадиќ, се најдоа на цр ната листа на американското министерство за финансии.

И Груевски и Мијалков според американската администрациија се лица кои се одговорни или соучесници, директно или индиректно вклучени во кор упција поврзана со Западен Балкан, како на ниво на влади.

Tака и на поедини поранешни или сегашни владини функционери и политичари, за зл оупотреба на јавни средства и експропријација на приватни средства за лична и политичка корист, како и за пот куп.

И двајцата, како што наведува, го користеле своето политичко влијание и официјална моќ за лична корист.

По ова Груевски експресно се огласи пред неколку моменти преку својот профил на фејсбук каде што напиша:

Подолг период се говореше она што денес се објави. Високи преставници на властите во Македонија не криеја во неформални кругови дека со години лобираа за истото да се случи.

Моите долгогодишни напори проблемот со името да се реши на поинаков начин од оној на кој на крајот се реши, одлуките поврзани со мигрантската кри за и затворањето на блаканскиот коридор во 2016 година и неколку други одлуки со кои се обидував да ги заштитам државните и националните интереси на Македонија ири тираа некои земји и ми навлекоа многу противници како што на пример беше Џорџ Сорос кој вложи многу напори и финасии за собо рување на владата која ја предводев.

Жалам за одлуката на Стејт Департменот која ја објавија денес а меѓу другите се однесува на мене. Наводите кои се наведени заради кои сум ставен на листата се неточни информации на кој се подлегнало и во најголем дел произлегуваат од долгогодишниот политички пр огон кој се води против мене во Македонија.

Од тој аспект иако немам никаков имот во САД, чуствувам голема неправда бидејќи работев многу чесно и многу одговорно боре јќи се за државните и националните интереси, а при тоа колку што можев се трудев да не ги заг розам интересите на сојузниците на Македонија.

Никогаш не работев за личен финасиски или матерјален интерес. Ќе продолжам да се бо рам во правец да ја докажам вистината. Ќе продолжам да се бор ам за Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *