Небојша готви подобро и од баба му, повеќе сака да работи отколку да игра

  • By admin
  • септември 15, 2021
  • 0
  • 477 Views

Има и такви, замислете младо момче кое не треба да го опоме нувате што да работи, замислете момче кое е свесно дека ште тат современите технологии и замилсете момче кое само бара работа.

Тоа е дванаесетгодишниот Небојша Дакиќ. Тој работи се, повеќе сака да работи и да помага дома отколку да игра видео игри или нешто слично.

Најмногу сака да шета кучиња. Соседите го ангажираат да оди до продавница, да донесе дрва и слично. Мајка му вели дека го поддржале во тоа бидејќи не прави ништо лошо.

Мајка му работи две работи. Татко му исто така работи две работи, така што Небојша има од кого да ги научи работните навики и вредности.

Небојша има и свој Јутјуб канал, но каналот не е за видео игри, туку за она што детето може да го готви лесно и брзо и сето тоа го прикажува.

– Работам се што ќе ми кажат, цеп ам и пренесувам дрва, ги мијам садовите ги шетам кучињата, не ми е тешко сето тоа го правам од љубов.

– Еднаш отидов на гости кај мојата другарка, и нејзината мајка работеше нешто, јас и помогнав, а таа ми рече: Добро што дојде ти инаку овие моиве две ќерки не сакаат да работат.

– Ние го поддржуваме тоа што го прави тој, подбро тоа отколку да е на социјалните мрежи цело време, а вака е исполнет и среќен, вели неговата мајка.

– Уште како многу мал, односно на шест години кога одевме да садиме нешто, дали било тоа компир, боб или пипер, тој се интерсираше и запрашуваше што е тоа и повторуваше по нас, вели неговата баба.

– Тој готви подобро и од мене, навистина фасцинантно, тој не е како другите деца, мило ми е што имам таков внук, одличен пример е за цела генерација.

– Сакам да готвам, омилено ми е сарма и полнети пиперки, знам да спржам и кришки леб, не ми е тешко, а пота сето тоа го мијам и средувам.

Сепак, Небојша нагласува, поради негативните коментари што ги видел за себе си и нагласува дека тој не е ничиј ро б, туку дека работи од љубов и дека неговото семејство не е социјално загро зено.

– Ме бараат доста комшии и постари луѓе, дури и сакаат да ми платат пред да работам нешто, но јас не работа за пари, на крајот ако дадат ќе прифатам, заклучува младиот Небојша.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *