Анѓелко Стоименов од Бутел за месец декември 2020 година од ЈП Водовод добил сметка од 48.018 денари, поради потрошени 1257 метри кубни вода.
Стоименов вели дека инкасаторот погрешно ги прочитал бројките на водомерот, но иако тој им приложил и докази за тоа, сепак и по една година од Водовод вели бараат тој да си го плати долгот.
Стоименов тврди дека цел живот уредно ги плаќа сметките за вода и според него станува збор за грешка.
„Се работи за лошо прочитана сметка од инкасаторот бидејќи сликата беше потполно невидлива, мене ме направија дека сум јас манипулатор. Дека јас си го манипулирам водоводот, а единствено нешто јас што направив е што го избришав со влажна крпа зошто не се гледаа бројките“ вели Ангѓеко за ТВ 24 и додаде:
„Поднесов барање и молба, но меѓутоа гледам остнааа глуви на моето барање и немаат сенс за работа“.
Од ЈП Водовод пак велат дека излегле на терен и увидот покажал дека водомерот сега покажува помали бројки од првичните, кога на Анѓелко му пристигнала високата сметка за вода.
Поради тоа тие побарале од него да се изврши проверка на исправноста на водомерот, но тој тоа не го дозволил.
– Лицето е контактирано телефонски и писмено, бидејќи е потребно да се изврши испитување на исправноста на водомерот. Проверката на водомерот ќе се направи во присуство на сопственикот, кој досега тоа не го дозволи.
На лицето му е оставен контакт за да се обрати до надлежните и проверката да биде транспарентно направена од наша страна. – велат од Водовод.
Стоименов вели дека одбил тие да направат проверка, бидејќи сака тоа да биде направено од страна на независно тело.
„Не и дозволив бидејќи ме прават манипулант, дека кр адам вода, а сега сакаат сами да извршат проверка на водомерот. Јас им одговорив дека ќе ги дадам на су д. Сакам независно тело да направи проверка“ вели Анѓелко.
Анѓелко понатаму случајот го продолжува во Јавното Обвинителство, каде е поднесена кривична пријава против инкасаторот кој го прочитал водомерот.
Од Јавното Обв инителство за ТВ24 велат дека случајот е распореден кај надлежен јавен обв инител и се работи на проверка на наводите во пријавата за да се утврди дали постојат елементи на кри вично дело.
Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ 24.