Најголем губитник: Денес можеше да е милионер, но поради две пици остана без вистинско богатство

  • By admin
  • мај 25, 2021
  • 0
  • 1231 Views

За криптовалутите денес знаат речиси сите, но пред десет или дури повеќе години, биткоинот беше мисловна именка и нешто што им беше познато на многу мал број луѓе.

Таков приме е, Ласло Хајнс, стана познат во јавноста кога пред повеќе од една деценија успеа да купи две пици, со овој начин на плаќање.

Програмер по професија, тогаш платил за две пици дури 10.000 биткоини, што од денешен аспект на гледање, се смета за најскапа платена пица досега, и затоа го заслужи своето место во „Куќата на славни криптовалти“.

Кога би можел да се врати назад во времето, веројатно добро би размислил што прави, бидејќи вредноста на биткоинот што ја потрошил во тоа време била 30 фунти, додека таа сума сега е повеќе од 306 милиони фунти. Сепак, како што рече, никогаш не жалел што користел биткоини како платежно средство.

“Не жалам. Мислам дека е одлично што на тој начин морав да бидам дел од раната историја на биткоин. Луѓето знаат за пицата… секој може некако да се поврзе со тоа и да биде во фазонот „О Боже, ти ги потроши сите тие пари“, рече тој низ смеа.

Покрај тоа што стана еден од пионерите во плаќањата со крипто-валути, Ласло придонесе за создавање софтвер за копање крипто-валути. Кога остави порака на форум на 22.05.2010 година во врска со плаќањето пица во биткоини, тој стана легенда.

Ќе платам 10.000 биткоини за неколку пици… Нешто од типот, две големи, па да ми остане и за следниот ден. Ми се допаѓаат работи како кромид, пиперки, колбаси, печурки, домати, пеперони, итн.

Само стандардни работи, без чудни додатоци од риби или што било друго. Ако сте заинтересирани, известете ме и можеме да се согласиме – беше неговата порака.

Не помина долго и се појави момче заинтересирано за размена.

“Сакав да го сторам тоа со пица, бидејќи за мене тоа беше бесплатна пица. Мислам, ја кодирав таа работа и ископав биткоини и се чувствував како да победив на интернет тој ден.

Добив само пица за придонес во проект со отворен код. Обично хобијата се долгорочна инвестиција на пари, и во овој случај моето хоби ми купи вечера.

Батка, ги поврзав овие графички процесори и сега одам двојно побрзо. Само ќе јадам бесплатна храна; Никогаш повеќе нема да морам да купувам храна”, објасни подоцна Ласло.

Како што рече, тој верува дека со оваа постапка ја забрзал експанзијата на биткоинот. Сепак, тој верува дека можеше да биде некој друг наместо него, тоа беше само прашање на време и идеи.

“Би сакал да мислам дека тоа што го направив помогна. Но, мислам дека да не бев јас, ќе се појавеше некој друг. И можеби тоа не би било пица.

Но, мислам дека биткоинот некако беше предодреден да стане голем, а потоа не знаев сè за биткоинот – мислам. Играв само со него неколку месеци и сфатив како да копам, всушност ја напишав првата програма за рударство на графичкиот процесор – и така ги добив сите оние биткоини што некако ги подарив – рече тој.

По првата трансакција, Ласло го сторил истото уште многу пати и потрошил 100.000 биткоини на пица тоа лето – што сега вреди 4,5 милијарди фунти.

Во спомен на легендарната трансакција, 22 мај се нарекува Bitcoin Pizza Day. Продавачи на пица ширум светот нудат попусти на корисниците на биткоин во спомен на неверојатната набавка. Сепак, Ласло вели дека денес, купувањето пица со криптовалута би било невозможно.

“Ако некој сега сака да плати пица со биткоини – тоа не би функционирало. Ќе се обидат, ќе сватат дека нивните трансакции не се потврдени и ќе изгубат интерес”, рече тој на крајот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *