Влатко Миладиноски, пејач на фолк музика, јавноста го запозна првично како внук на легендарниот пејач Војо Стојаноски. Денес тој има успешна кариера.
Со неговите песни тој е познат не само на македонската сцена, туку и во странство. Прв избор е и кога станува збор за свадби и слични прослави.
– По потекло сум од село Јаорец и потекнувам од музичарско семејство, тие ми се репер за успех во животот, не читам многу книги и гледам малку филмови. Во песните впорчем е раскажана една вистинска приакзна од животот.
– Има период дома кога пеам и по цела недела па домашните велат намали малку, а потоа пак има период кога не потпевнувам па велат зошто не пееш, изјави Влатко.
Можеби единствен дует кој ми беше голема желба беше дуетот „Кажи ми вујче“ со мојот вујко Војо Стојаноски, доста сум горд на таа песна и секогаш ми е драга, изјави Влатко.
Заедно со неговиот брат Златко Миладиноски и братучедот Дамјан Стојаноски, каде и да настапуваат ги полнат салите. За нивните концерти се бара билет плус.
„Срцата ни се полни кога гледаме како насекаде низ светот, па дури и во далечната Австралија, нашинците ја знаат и негуваат нашата народна песна“, изјави тој во една прилика за Екран.мк.
На голема радост на Македонците во Австралија ги објавија точните датуми на настапите како и местата на одржување преку видео обраќање.
„Австралиска турнеја 2022 на прекрасното трио: Влатко Миладиноски, Дамјан Стојаноски и Златко Миладиноски. Сега се достапни информациите за билетите за сите концерти. Резервирајте ја вашата маса сега, не би сакале да пропуштите.“
„Огромно е задоволството да ве поздравам сите. Со единствена цел сме собрани сите заедно да ве поканиме на нашата голема австралиска турнеја која ќе се одржи во ноември и декември месец оваа година“, вели Влатко.
„Започнуваме на 12ти ноември во Перт, 18ти ноември Волонгог, 19ти ноември Сиднеј, 25ти ноември Квинбијан, 26ти ноември Сиднеј, 2ри декември Мелбурн, 3ти декември Мелбурн, 9ти декември во Џелонг и 10ти декември повторно во Мелбурн. Сите овие концерти се во организација на КУД „Никола Карев“ од Мелбурн, додава Дамјан.
„Тие се датумите, верувајте дека нема поголема радост и среќа од тоа што интересот е огромен. повеќето концерти се веќе распродадени, искрено се радуваме на оваа турнеја и едвај чекаме да се видиме и дружиме со најубавата македонска публика“, завршува Влатко Миладиноски.