Нашата соседна држава бара мајстори, а Горан вели: Плата и до 2000 евра

  • By admin
  • јули 21, 2021
  • 0
  • 7849 Views

Недостатокот на квалитетни мајстори во Србија довел до зголемување на нивните плати кои достигнуваат дури до 2,000 евра.

Горан Родиќ, од Градежната комора на Србија, за „Вечерне новости“ истакнува дека недостатокот на занаетчии ќе влијае на поскапувањето на трошоците за одржување на сите системи, од инфраструктура до стамбени објекти, а дел од тоа ќе мораат да го платат граѓаните.

Потребен е водоинсталатер за итни интервенции, плата од 1,000 до 2,000 евра. Се редат се повеќе огласи како овој во кој се бараат искусни и квалитетни занаетски работници, а платата којашто се нуди некои луѓе можат само да ја сонуваат.

Судејќи според објавите, водоинсталатерите се на цена. И на електиричарите, молерите, керамичарите, ѕидарите и заварувачите им се нуди плата поголема од просечната, а се движи во главно од 60,000 до 120,000 динари.

Заминувањето на квалитетните мајстори во странство во потрага по подобра заработка и подобри услови довело до нивен дефицит и на работодавачите им се потешко да најдат квалификувана работна сила, па затоа и нудат високи износи на плати кои за многумина се недостижни.

Една компанија објавила оглас во кој бара водоинсталатер и наведува дека платата изнесува 240,000 динари. Според шефот на компанијата, Ѓорѓе Живадиновиќ, тоа е можна плата, а на разговорот се проценува потенцијалот на работникот.

„Квалитетно работиме, барани сме, имаме доста клиенит, а сега сезонски има многу работа и сме во можност да даваме поголеми плати. Кај работниците ја цениме стручноста, знаењето, учинокот.

Ако некој копа цел ден цевки и го губи здравјето, мора да биде платен. Секако дека работникот кој носи повеќе интревенции ќе има подобра плата, откоколу некој кој тоа ќе го направи еднаш дневно“, рекол тој за Вечерне новости.

Додал дека мајсторите работат во главно до девет часа, а имаат прекувремени часови, тогаш се договара дополнитело плаќање.

Родиќ објаснува дека наведените плати се резултат на понудата и побарувачката на пазарот.

Тој смета дека најголемиот проблем ќе биде одржувањето на сите системи, од инфраструктура до стамбените објекти, како што се патиштата, тунелите, јавните расади, лифтови, водовод, канализација, електроинсталациите и климите. Мајсторите кои останале, како што наведува, ќе мораат да бида подобро платено, што значи дека и нивните услуги ќе поскапат.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *