Наумче Мојсовски кажа колку е романтичен, но откри зошто не бил до сопругата кога се породила

  • By klaster3
  • август 10, 2022
  • 0
  • 305 Views

Наумче Мојсоски е поранешен ракометар и репрезентативец, роден на 17 јуни 1980 година во Струга, а сега е актуелен директор на Агенцијата за млади и спорт.

Почнал со пливање, со фудбал, за од свое петто одделение дефинитивно да се насочи во ракометот. Тој е дете родено покрај езерото, 18 години игра за репрезентацијата на Македонија.

Почнувајќи од Струга, Пелистер, Шпанија, Франција, Вардар, Металург, оди во Романија и пак се враќа во Македонија, за конечно да го остави спортот и да се префрли во политиката.

За националниот тим на Македонија има преку 100 натпревари. По пензионирањето, беше прв човек на Струга, а активно „влезе“ во политиката како член на СДСМ пред претседателските избори кои се одржаа минатата година.

– Не е класична политика, туку политика во спортот. Сакав да помогнам. Некои работи во моето време кога играв ракомет што мене не ми се свиѓаа и на моите колеги кои дефинитивно беа ано малии во спортот затоа се нафатив – сакам да ги исправам, изјави Мојсовски во емисијата 7/8.

Мојсовски е во брак со сопругата Марија и со неа имаат две машки деца. Во разговорот за емисијата „Шоу Магазин“ Наумче откри како се запознале со сопругата, како ја запросил, но и како се снаоѓале кога тој бил надвор од земјава.

– Случајно се запозанвме, јас играв во Битола за Пелистер, таа беше девојче младо 17 години. Немаше врска со ракометот таа не ни занеше дека има ракомет.

случајно беше со своите другарки родители на одмор во струга и сосем случајно се запознавме. Кога заминав во странство издржа, ме сочека уште девојка беше, викам најверојатно ова е мојата..

Со еден спортиста, популарен, најдобар стрелец во лига шампиони бев, сакаат да се сликаат да се гушкаат со тебе, викам чим ова го трпи родена е за мене.

Запросувањето едноставно беше, на Маврово бевме така со друштво спонтано, решивме мислам дека за крај на магистерските студии и реков време не нема бегање, бевме покрај река и се случајно беше но испадна одлично.

Општо познато е дека сите спортисти голем дел од времето го поминуваат по салите и стадионите надвор од Македонија кога најчесто се приморани да бидат одвоени од своите семејства.

– Детето ми се роди првото јас не бев тука, во Катар бев. Ракометот и спортот си бара жртв а дефинитивно само треба да ги усогласиш и избалансираш како можеш.

Јас сакав да дојдат, во Катар играв две години, но мало дете на 50+, на влага, ние сме навикнати секаде со клима.. Вака викам на сопругата седи во Скопје, изјави Мојсовски за Шоу Магазин.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *