Мухамед Зеќири проговори за приватниот однос со Заев и отрки како му станал кум

  • By admin
  • август 30, 2021
  • 0
  • 10553 Views

Генералниот скеретар на Владата, Мухамед Зеќири утрово беше гостин во шоуто „Магазин“ на ТВ Сител каде говореше за приватната страна на својот живот.

Тој рече дека по свадбата и склучениот брак со неговата сопруга Бисера Јордановска многу парови од мешан етнички состав им се јавиле да им честитаат, но и да се консултираат со нив.

Функционерот на СДСМ вели дека повеќето од нив им се јавиле иако воопшто не се познавале претходно.

– Откако беше објавена веста за нашата свадба, ни се имаа обратено многу парови кои што се од различни етнички заедници и да ни честитаат, со кои што претходно не сме имале ниту познанство ниту контакт.

Но бараа да се напијат кафе со нас, да им раскажеме како сме успеале да ги пребродиме сите пречки и секогаш нашиот совет до нив беше дека треба да си го следат срцето и да не им е грижа кој што мисли за нив, рече Зеќири.

Поранешниот новинар и еден од највлијателните профили во владеачката партија рече дека премиерот Зоран Заев му помогнал да го разбере значењето на кумството, затоа што како припадник на исламската заедница претходно не знаел колку е тоа важно.

-Пa ние се дружиме и приватно со премиерот Заев и кога соопштивме дека планираме свадба и сите тие работ, разговаравме со него со Бисера заедно, тој апсолутно со големо срце ја прифати понудата да биде наш кум.

Беше кум на верската и на граѓанската венчавка наша и јас дури потоа разбрав кое е значењето кај христијаните да биде некој кум.

Затоа што тоа не е практика кај муслиманите. На венчавката кај муслиманите секако има сведоци, по двајца од страна на невестата и на зетот и тука завршува приказната. Во христијанството е поинаку и јас со задоволство прифатив и за тоа во оваа прилика нему сум му благодарен, додаде Зеќири.

Иако доби прашање, Зеќири не одоговори што за подарок добил од премиерот Заев за свадбата.

Тие што ме познаваат, знаат дека не сум кафански човек, но јас знам да одам во кафана, во кафич, на ручек, кафе со моите пријатели да се дружам.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *