Младата 23 годишна Марија од беровско Робово е мајка на две деца: Породилно не ми следуваше зашто сум земјоделка

  • By admin
  • февруари 10, 2022
  • 0
  • 690 Views

Во Македонија од година во година се намалува бројот на земјдолеци, особено на оние млади кои ги има се помалку. Уште помал е бројот и на жените во оваа гранка кои имаат и низа пречки.

Една од нив е и тоа што се без право на платено породилно отсуство се жените регистрирани како земјоделки. Со ова се соочуваат со години и велат дека се чувствуваат дискри минирани во однос на другите македонски граѓани.

Поради тоа, некои од овие жени размислуваат и да се откажат од земјоделството.

Марија Мачевска живее во селото Робово, има 23 години и е мајка на две деца. Сепак, како регистрирана земјоделка, таа нема право на платено породилно отсуство.

„Не знам зошто, не ми дадоа. Само од државата што дадоа 5.000, за прво дете. За породилно не ми следуваше, зашто сум земјоделка“, вели Мачевска за Глас на Америка на Македонски.

Марија е само една од повеќето илјади жени што се регистрирани како земјоделки. Работат на нивните семејни фарми, се грижат за своите семејства, плаќаат за здравствено осигурување, но за нив не важат законските девет месеци платено отсуство поради новороденче.

„Кога моите деца беа мали, бебиња, кога јас требаше да земам породилно, не земав. Како млада тогаш ме пог одуваше и до ден денес ме по годува оваа тема и овој закон, зашто ми делува дискр иминирачки“, укажува Вангелина Пармачка од селото Будинарци.

Од Федерацијата на фармерите, укажуваат дека таа категорија жени се неоправдано изоставени од Законот за здравствено осигурување и дека проблемот опстојува со години.

„Реално, ние постојано притискаме, но цело време има некоја кочница поради која во сиот овој период не се направила таквата промена. Треба да се застане и овој закон убаво да се разгледа.

Да се увиди кој механизам би се искористил и тие граѓани, како испуштена категорија, да се вратат во рамките на членовите 14 и 15 во Законот за здравствено осигурување“, вели Билјана Петровска Митревска од Националната федерација на фармери.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Глас на Америка на Македонски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.