Мицкоски се огласи: Лидерот на ВМРО ДПМНЕ откри дали тој и сопругатa имаат бугарски пасоши

  • By admin
  • февруари 25, 2021
  • 0
  • 1763 Views

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој важи за најголем противник на сè што е бугарско во РС Македонија, е оженет со Бугарка, јавува дописникот на БГНЕС од Благоевград повикувајќи се на информацијата дека Стевица Јанева, која е сестра на сопругата на Христијан Мицкоски, Роза, има бугарско државјанство.

На овие пишувања веднаш се огласи Христијан Мицковски кој напиша на фејсбук:

-И јас, и мојата сопруга имаме единствено македонски пасош. И ќе продолжам да се борам за македонските национални интереси.

Колку повеќе лажат, толку повеќе ќе удираме по мафијата. Нема да му помогнат ниту “браќата и пријателите” на Заев кои гледаат дека Владата е сериозно разнишана.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *