Митко Јанчев јавно ги предупреди оние што планираат или веќе започнаа да варат рaкиja

  • By admin
  • октомври 7, 2022
  • 0
  • 357 Views

Важи за човек што ја ужива поддршката на мнозинството граѓани во Кавадарци и човек кој со својата харизма и постапки има голема доверба помеѓу жителите на оваа општина.

Митко Јанчев кој е втор мандат градоначалник на Кавадарц важи за еден од најуспешните во државата, а за тоа сведочат секојдневните бројни акции.

За Јанчев е познато дека е докажен и покажан стопанственик кој со години наназад бележи бројни успести, како кај нас, така и преку границите на Македонија.

Исто така е голем помагател на спортот, културата, но и хуманист човек кој во низа наврати го има покажано тоа на дело.

Тиквешијата на далеку е позната по своите лозови насади, но и по продуктите што се прават, а тука пред се се мисли на виното и ра кијата.

Па со оглед на тоа што бербата веќе привршува, казаните во многу домаќинства веќе се подготвени за производство на посакуваниот деликатес.

Но Митко Јанчев денес реши јавно да им посочи неколку работи на они кои планираат или веќе започнале:

Со оглед на тоа дека започна сезоната на печење ракија, се апелира и укажува на граѓаните за загревање на казаните да користат исклучиво дрва или пак плин, доколку се во можност.

Исто така се апелира до граѓаните оџаците од казаните да бидат соодветно изведени, односно со висина над нивниот објект, зависно од местоположбата во околината, се вели во известувањето.

Во него се наведува дека службите од Одделението за инспекциски надзор и ,,Мој општинар” ќе вршат засилени контроли и доколку се затекнат лица што сого руваат недозволиви горива, односно отпадни иверици, гуми, пластика, отпадни масла или слично,

За нив ќе се преземат соодветни прек ршочни санкции, согласно законот за управување со отпад и законот за квалитет на амбиентниот воздух.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.