Милован дипломирал на 73 години, но не планира тука да застане, има и неостварената желба

  • By klaster2
  • јуни 8, 2022
  • 0
  • 266 Views

Милован Милутиновиќ од Ужице има 73 години и деновиве дипломира на Факултетот за спорт и туризам во Нови Сад и со тоа стана еден од најстарите дипломирани студенти.

Овој нов професор по физичко образование и спорт вели дека тука не е крајот и дека прво ќе се запише на магистерски, а потоа и на докторски студии.

„За четири години положив 36 испити со просечна оценка седум. Не беше лесно, имаше предмети кои неколку пати ги полагав и столот го загревав.

Сиот тој труд, како што обично се случува во животот, на крајот се исплатеше. Некои професори се шегуваа со моите години, но немаше ништо злонамерно.

Дури еднаш добив подобра оценка поради мојата упорност и волја и затоа што бев доста храбар“, изјави Милован за РИНА.

Дека за него нема никакви пречки докажува фактот што во последната година од студиите имал и корона вирус, но тоа не влијаело на неговите испити.

Многумина околу мене беа скептични и ја исмејуваа мојата одлука да се запишам на факултет, но јас ги демантирав сите“, изјави Милован

Инаку, во градот Милован е познат и како Супермен од Ужице, а неколку пати докажа дека го заслужил тој епитет. Се занимава со спорт, бодибилдинг и пешачел до Лондон и Москва.

„Би сакал да им порачам на младите дека најважно е да имаат јасна цел и да се стремат кон неа. Дека никогаш не треба да се откажуваат колку и да им изгледаат тешки околностите. Кој сака ќе најде начин, а кој не ќе најде изговор“, вели Милутиновиќ.

Според него, неговата цел е своето знаење и образование да ги искористи во едукација на младите, па затоа има намера да отвори Академија за бодибилдинг и фитнес.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *