Миа Костова откако се качи нафтата: Сме нашле па сме зашле – тутурутки сме, малце ни е

  • By admin
  • март 8, 2022
  • 0
  • 511 Views

Како што е познато регулаторната комисија за енергетика вчера донесе одлука со која од полноќ осетно се зголемија цените на нафтените деривати.

Според одлуката на РКЕ од полноќ, бензините поскапеа за 5,50 денари/литар, а дизелот за 10,00 денари/литар.

Од РКЕ вчера посочија дека ваквата одлука е донесена поради рекордниот раст на сите нафтени деривати на светските берзи, а од РКЕ најавуваат дека ќе носат одлуки на дневно ниво доколку има потреба.

Па така новите цени на Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 89,50 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 91,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,50 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар) и Мазут М-1 НС 54,319 (денари/килограм)

Миа Костова важи за една од најпознатите наши инфлуенсерка, а некога со успех работеше и како ТВ водителки.Таа долги години беше заштитно лице на Тв магазинот емисијата „Бекстејџ“.

Костова често зане да ги коментира актуелните случувања во нашата држава, па така беше и овојпат:

Да се извинам на овие што ќе им смета дека имам мислење и за бензинов. Прво, возам кола, второ дизел. Трето, ма рш у три лепе, ние ќе платиме здружено нафта до кај треба само да се макнете од фотељите у еден правец ако може.

Епидемија од деп ресија има благодарение на вас драги господа од влада, комисии и позиции. За тоа не заседава комисија ама заседава за вашите посрани маски во школо и уште шеги за точак да се фатиме.

Точак а? За самохрана мајка да речеме што мкне дете на 5 локации у денот и прима 2700 денари социјално? Точак и огин у дневна пошо струја е ко да му плаќаш на дете да учи у Нова.

Огин, пола краставица и точак. Најубаво. И минималец од 18.000. Пресметано во живот му доаѓа два пати маркет, струја и два резервоара. Вода не мора, сме нашле па сме зашле. Тутурутки сме, малце ни е.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.