Миа Костова емотивно: Оставете ме да поплачам

  • By admin
  • октомври 10, 2021
  • 0
  • 1779 Views

Миа Костова е една од најпознатите ТВ водителки кај нас. Таа долги години беше заштитно лице на Тв магазинот емисијата „Бекстејџ“.

Миа раскажа дека имала само 14 години кога Мартин Трпчевски ја нашол на плажа на Градиште, по што и таа стана дел од тимот на емисијата „99 акција“.

„И до ден- денес сум Миа 99 по телефони, често ми се случува“, рече таа.

Во продолжението од разговорот , Миа раскажа дека „Бекстејџ“ ја одбележал нејзината кариера, на овој ТВ проект таа му посветила 10 години. Потоа откри зошто се повлекла од телевизија.

– Не знам како ќе звучи ова, ќе делува како јас да сум престарена. Но, тоа беше меѓусебен договор помеѓу мене и телевизијата. Дојдоа нови деца на сцената, дојде време кога јас требаше да ги најавам „2 Бона“, а јас не знам кои се „2 Бона“.

И некако беше сега: Теткава не најави. И некако сметам дека „Бекстејџ“ имаше потреба од една млада сила“.

Многумина ја сакаат, но не е мал бројот и на оние кои и пишуваат зајадливи коментари. И тоа е нормално, особено кога се работи за јавна личност и особено за личност која нема влакна на јазикот и која излегува од секојдневните клишеа.

Па така, Миа знае многу често да вклучи лајв камера од дома и да направи сатирично видео за многу актуелни случувања.

Таа и нејзината пријателка Тијана Скулиќ, многу често знаат да ги насмеат до солзи фановите, имитирајќи ги „градските“ скопски фаци, кога во жаргон ги прераскажуваат секојдневните „дешавки“.

Во октомври минатата година, Миа објави дека е позивна на вирусот, а подоцна откако излезе од изолација, го сподели своето искуство со следбениците на Инстаграм.

Поранешната водителка Миа Костова која важи за една од нашите најпознати инфлуенсекри се огласи на својот профил на инстаграм со емотивен посто во кој што вели:

Не знам колку пати го изгледав видеото со најубавите луѓе на светот. После ова видео, немам друга желба освен сите овие луѓе и уште некои што недостасуваат да ми останат засекогаш до мене!

Прекрасни сте, ве сакам до крајот на светот! Оставете ме да поплачам од убаво! Ве сакам

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.