Миа Костова: Доктор не се станува со фб слава

  • By admin
  • септември 6, 2021
  • 0
  • 1166 Views

Докторката Елена Манолева Николова пред некој ден сподели статус на својот профил на фејсбук каде што напиша:

Пред неколку дена ја гледам оваа Ртг слика на бели дробови од дете. Масивна пневмонија со масивен плеврален излив.
Не, не, не се секирајте… нема да ве гњавам за Ковид.

Се работи за потврдена туберкулоза, кај поголемо дете со позитивна анамнеза за туберкулоза во семејството, невакцинирано со БСГ.
Вчера ми доаѓа мајка со 18 месечно дете, гордо ми кажува дека детето сеуште не е вакцинирано ништо од родилиште па навака вклучувајќи и БСГ која се прима во родилиште. За ДТП, Полио не правиме муабет нели!?

За МРП… Ма како, па тоа предизвикува аутизам. Што ви е на Вас… лудаци доктори.

Нејсе… Ова дете ќе преживее, ќе се лечи 6-12 месеци и ќе се излечи. Но… фиброзата (лузната) на белите дробови ќе ја носи цел живот и кога тогаш ќе направи проблеми во дишење, белодробен капацитет итн. ( да не гњавиме ние докторите нели со нашата наука).

Си седам и си мислам: имам уште најмалку 20 години работен век пред себе како педијатар. Се прашувам за колку време од сега ќе почнам да гледам дифтерија, пертузис, полиомиелитис и см рт и осакатеност од овие болести кај децата и општата популација. Највероватно брзо, како тргнало за 5-10 години од сега.

Како и да е … главните инфлуенсерки на фб со медицинска диплома стекната на Гугл рекоа дека не е безбедно да се вакцинираме.

Ние неможеме да реализираме и да постигнеме успешна и комплетна вакцинација на основните смртоносни и животно загр озувачки болести кај децата, па правиме муабет за Ковид и вакцинација од Ковид кога родителите на овие деца се потенцијалните примачи на вакцини.

А сега може да се вратите на вашите инфлуенсерки. Чисто се сомневам дека тие ќе ве држат за рака додека во болница бдеете над здравјето и животот на вашите деца.

Бидејќи во отсуство на добро организиран здравствен и правен систем само тоа и ви останува.

Поранешната водителка, а сега инфлуенсерка, Миа Костова имаше што да каже и на својот профил на фејсбук напиша:

Пот ресната рентген слика од докторката која ја шернавте во голем број кога малце ја притиснаа новинари се испостави дека сликата е од дете кое не е од Македонија.

Па после дека таму кај што живеело детето немало вакцина против туберколоза, па не било до мајката до системот било.

Ај од почеток, доктор не се станува со фб слава. Пролазна е или кога веќе имавме шанса да видиме како замина во заборав онаа со маникирот така и оваа докторка ќе биде една од многуте кои за шер на фб се во состојба и да измислат приказна.

Не, не ја спомнувам со име, дека popular now на мој грб, не

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *