Месечната терапија чини по 18.000 евра – три млади животи во Македонија зависата од неа

  • By admin
  • јуни 6, 2021
  • 0
  • 2786 Views

За младата 21-годишната Флора Гаши веќе јавноста слушна по претходните прилози во медиумите.

Гаши која има тешка и ретка форма на цистична фи броза остана без неопходниот лек. Таа пред пет дена ја испи последната таблета од лекот „калидеко“ кој за неа значи живот.

Оваа млада девојка пред камерата на ТВ24 објаснува дека здравствената состојба за само два месеца откако го земала лекот значително и се подобрила.

Флора пред да започне да го зема лекот беше врзана за апаратот за кислород, со ограничено движење од само 10 чекори и чести ин фекции, повеќе во болница отколку дома. Апелира до надлежните што побрзо да го набават лекот, за болеста да не прогресира.

Флора не е единствена – без терапија за неколку дена ќе останат и едно 12-годишно девојче од Скопје и 30-годишна пациентка од Битола. По три години голгота и барања, во април годинава тие го добија лекот што значи живот, но само за два месеца.

Професорката, д-р Стојка Фуштиќ која ги лекува овие пациенти и се залагаше лекот да стигне, вели дека кај сите три здравствената состојба е многу подобрена.

„И во ФЗОМ и Министерството за здравство ги пративме извештаите каде објаснивме дека лекот „калидеко/ивакафлор“ извонредно добро влијаеше на подобрување на здравствената состојба на сите три пациентки кои имаат мутација од 3-та класа на Цистична Фиброза.

Тие се чувствуваат многу подобро, добија во тежина, нема хоспитализации во болница – вели професорката Фуштиќ.

Минатата година Фондот за здравство одбри буџет на Клиниката за детски болести за набавка на лекот, но само за два месеца.

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека пациентките ќе продолжат да го примаат лекот преку Програмата за ретки болести на Министерството за здравство. Не прецизираше кога точно ќе биде набавен лекот – но ветува дека процедурата нема да трае многу долго.

Станува збор за современа и скапа терапија која во светот се користи од 2012 година. Месечна терапија по пациент чини 18.000 евра.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Телевизија 24.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *