Мери, шефицата на македонската Евровизиска делегација: Треба да и простиме на Андреа и да и се даде ветер во грб

  • By admin
  • мај 9, 2022
  • 0
  • 413 Views

Реакциите од граѓаните не стивнуваат по односот на потегот на Андреа кон македонското знаме, а во меѓувреме се изјаснија и од Македонската Радио Телевизија со свој став во врска со новонастанатата ситуација на Евросонг.

„Македонската Радио Телевизија најо стро го осу дува потегот на нашата претставничка на „Песна за Евровизија 2022“, Андреа Коевска којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме.

Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скан далозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа не почитување кон националното обележје, што е каз ниво со закон.

МРТ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување. Јавниот сервис ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема ш тета по МРТ“.

Доцна вечерва и претставничката Андреа почувствува потреба да им се оправда на граѓаните и даде своја изјава пред камера.

„Здраво на сите, сакам да направам една кратка изјава од отворањето затоа што видов што се пишува по медиумите и едноставно не ми се верува затоа што последниве неколку дена единственото нешто што го правев е гордо се движев насекаде и го покажував македонското знаме.

Но, во момент каде што ме снимаше камерата и каде што ме фотографираа побараа да го нема македонското знаме, делегацијата беше стварно навистина далеку од мене и јас одлучив во тој момент да го фрлам знамето.

Не беше од омр аза затоа што јас сум горда што доаѓам од тука и затоа ми е малце бесмислено зошто се случува ова. Навистина сум тука за да ја претставам Македонија во најдобро светло и се надевам дека можеме да продолжиме во ова евровизиско искуство со позитива.

Тука сме да уживаме, да делиме стр аст и се надевам дека така може и да поминеме. Не ми беше никаква намера да на вредам некој, ако го направив тоа се изивинувам. Го носам знамето со мене секаде каде што одам“, изјави Андреа.


За дневниот весник Нова Македонија за целата ситуација за првпат се огласи шефицата на нашата Евровизиска делегација, Мери Попова од Торино.

И таа, како и Андра даде слично објаснување за ситуацијата со знамето и кажа дека само го „поттурна знамето по тиркизниот ќилим“, а притоа и кажа:

-Од оваа гледна точка, мислам дека треба да и се прости моменталната непромисленост и да и се даде ветер во грб заради влогот во неколку месечната напорна работа и да може да го даде максимумот на 12-ти мај.

На крајот, и Андреа е исто така човек, како и секој од нас, кој понекогаш може да погреши – вели Мери Попова.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *