Мери: Ни останува само да се помириме дека едноставно нема нешто да се смени на подобро

  • By admin
  • септември 12, 2021
  • 0
  • 1424 Views

Новинарката Мери Јордановска се огласи на својот профил на фејсбук каде што сподели статус во кој што вели:

-За само еден ден, реториката се смени комплетно. Барањето одговорност за една огромна тр агедија, се претвори во бранење политичари, како небаре да се жр тви, се лијат солзи, се пишуваат срцепарателни статуси.

Како да заборавивме на Армина, на нејзината мајка, на 20 годишното девојче, Марија, чиј пог реб беше прекинат а телото земено за обдукција, на медицинскиот техничар, Ферди Шакири, кој излечен од коронавирусот, остана да помага на колегите и заг ина во пожарот во Тетово.

Ова зборува за степенот до каде е нашата свест, а тоа ме бо ли до коска.

Јас повеќе нема да пишувам на темава, бидејќи навистина ми е бол на, особено што бев на лице место кратко по настанот, а и многу лично ги доживеав сите тро гателни сведоштва.

Нема да пишувам и за многу други теми, оти сметам дека колку си бараме, господа, толку и си добиваме.

Ако сметате дека не може подобро, тогаш е во ред. Ако сметате дека одговорноста паѓа само на нас за (нај) високата смр тност од Ковид-19, и тоа е во ред.

Ако сте задоволни од здравствените услуги што ги добивате, и тоа е во ред. Ако директорите на клиниките се задоволни од она со што располагаат (бидејќи досега глас за друго не им чувме, освен дека не го даваат министерот), и тоа е сосема ок.

Ако мислат дека немаат други проблеми кои треба да ги адресираат до јавноста (недостиг од кадар, тоалетна хартија, фластери!, безбедност на градбите), исто е ок.

Ако ви е во ред да ги обви нувате луѓето кои биле придружба на болните од Ковид-19 во Тетово, наместо да размислите зошто тоа било така…. тоа е, нема што да се убедуваме на Фејсбук.

Сето ова значи дека сме го добиле она што сме го барале. И дури сега ги разбирам сите соговорници кои велат „џабе ќе излегувам по медиуми, кога ништо нема да се смени“.

И да, сега за првпат, по 20 години работа, јас ги поддржувам, иако досега сметав дека сите треба со име и со презиме да излезат и да ги кажат проблемите на системот јасно и гласно и дека само тоа може да доведе до некакви промени.

Наместо тоа, сега им велам „немојте да излегувате со име и презиме, затоа што не можам да ви ветам дека ќе смените и трошка во овој систем“ и се срамам поради тоа. Ама тоа е реалноста, за жал.

А политичарите, тие се менливи. Денес ги има, утре ги нема, дали сега, дали за 4 години, дали за 8, сеедно…

И од финансиски аспект барем, ич не треба да ги мислиме, обезбедени се за 10 поколенија. Да не ги жалиме многу, да видиме ние дали се чувствуваме подобро во овој систем, побезбедни, поеднакви. Оти политичарите се и секогаш ќе бидат.

Ако прашањето дали сега сте побезбедни ви е потврдно, а судејќи според коментарите на социјалните мрежи, очигледно ви е, тогаш исто, скроз сме ок.

На оние кои уште гаиме некаква надеж дека нешто може да се смени на подобро, очигледно ни останува само да се помириме дека едноставно нема.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *