Мајката Павлина со синот Игор од делчевско: Немамаме ниту основи услови за живот, струја и вода не сме платиле долго време

  • By klaster2
  • декември 23, 2021
  • 0
  • 333 Views

Животот често знае да биде су ров и да задава многу предизвици, успони и падови, но кај некој животот оди само удолу.

Тешка судбина и услови за живот има семејството Иликовски од делчевското село Разловци, семејство кое го сочинуваат мајката Павлина и синот Игор.

– Земаме социјална помош од 5.000 денари, во лоша состојба сме, сопругот замина на другио свет, а синот работи каде ќе го викнат.

– Работам приватно каде ќе ме викнат но тоа не е сигурна работа и незнаеш на што си, ситуацијата ни е за никаде, вели Игор.

– Вода не сме плаќале долго време како и струја, парите едноставно не стигаат. Кровот како што може да видите ќе падне во секое време, вели баба Павлина пред камерите на ,,Делчево365”

– Секако и сметките ги скапнаа, како и се останат, немамаме ниту основи услови за живот, вели оваа мајка која живее лош живот.

– Имаме едвај една соба оспособена каде што се бањаме и престојуваме, побаравме помош од надлежните, напишавме и писмо но не добивме одговор, додава таа.

– Јас ги исполнувам годините за пензија но немам стаж, неможеш ни да доплатиш и сега сме препуштени на само тие 5.000 денари.

– Работев во една фирма околу година и нешто, но потоа ми дадоа отказ и примија некој друг преку врски, вели синот Игор.

– Ќерамидите се легнати врз гредите и сами гледате дека не е сигурно овде, исп укани се ѕидовите, кога ќе наврне се протопува.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.