Мајката на малиот Јаков се огласи од Истанбул и сподели убава вест

  • By admin
  • август 18, 2021
  • 0
  • 9085 Views

Веруваме многумина од вас веќе слушнаа за малото детенце Јаков од Кочани кое ги обедини како граѓаните во нашата држава, така и од дијаспората.

Како што е познато, пред извесен период информиравше за убава вест која ни пристига од далечната Австралија. Имено Џим Ристевски кој има македонски корени, за неполни два дена успеа да собере преку неговата мрежа на деловни партнери и пријатели приближно 28.000 австралиски долари за хемо терапија за двегодишниот Јаков.

Познатиот бизнисмен и филантроп по трет пат со своја иницијатива успеа да ја вклучи заедницата во Австралија за помош за земјата од каде потекнуваат неговите предци.

-Јаков, ти си мал борец, твојата насмевка ги стопи срцата на Австралијаните. Тука, кога сме повторно во локдаун, сите ги отворивме нашите џебови за да помогнеме.

Инаку сум татко на три деца и едноставно не можев да замислам да не се вклучам да помогнам, вели Ристевски кој ѝ е познат на македонската јавност по два претходни хумани гестови.

За Јаков потао пристигна уште една убава вест, повторно од дијаспората. Овојпат од Германија, европска држава во која има многу нашиниц.

Ивана Донева која е сограѓанин на малиот Јаков од Кочани, а која живее и работи во Германија организираше хуманитарна акција за донации.

„Малиот Јаков не сплоти сите каде и да сме. Тие најубави очи дирна многу срца и верувам никој не остана рамнодушен. Са само 2-3 дена успеавме да ја собереме сумата од 16.038 евра во Германија која е неопходна за Јаков, мојот сограѓанин од Кочани да замине на лекување“ изјави Ивана за Кластер.мк

Нашата дијаспора уште еднаш се покажа на дело со собраната сума од 16.038 евра што е секако за поздравување и сите искрено се надеваме дека малиот Јаков ќе издвојува најважната победа, онаа за живот.

Елена Јанакиева, мајката на Јаков попладнево се огласи на фејсбук од Истанбул и напиша:

Драги хумани Наши Пријатели и познати и непознати. Со големо задоволство и олеснување Ве известуваме дека се собрани потребните финансиски средства за лекување на нашиот Јаков.

Ви Благодариме од срце што му овозможивте на нашето малечко да добие шанса за нормално и среќно детство.

Се надеваме дека ќе порасне во добар и хуман човек кој ќе помага во нечии тешки моменти како што Вие помогнавте во нашите. ЈАКОВ ВЕ САКА СИТЕ!!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *