Вообичаено од луѓето слушаме и читаме разни семејни проблеми со коишто се соочуваат буквално сите – несогласувања меѓу родители и деца, проблеми поради пари, несогласувања меѓу снаа и свекрва и ништо од тоа не би нè изненадило, но ви пренесуваме една сосем поинаква случка помеѓу мајка и ќерка за која и вие може да оцените дали е навистина проблематична.
„Мајка ми има 72 години, живееме раздвоено, јас во градот, таа во село. Како и на секоја возрасна личност, особено родител, потребна и е помош, но не можев да ја донесам кај мене да живее зашто е љубител на домашни животни и градинарство па не сака да ги остави.
Чува доста животни, домашни миленици и добиток. Мачките и кучињата веќе имаат поголеми права од нејзе затоа што таа буквално „одвојува од својата уста“ за да ги нахрани и домашните, па и уличните животни. Така е воспитана, што да прави.“
„Најголем дел од парите што и ги даваме захрана и лекови таа ги троши на животните – и тие бараат и храна и лекарска нега. Нејзината пензија не едоволна ни за основните работи а камоли за повеќе.
Пред некое време додека со сопругот се враќавме од гости останав запрепастена од тоа што го видов. Се осмелила да пита чи за милостина на автобуска станица.
Се молев на Бога да пропаднам во земја, е до толку се срамев! Сопругот исто така беше изненаден затоа што знае колку од нашиот семеен буџет и давам секој месец. Којзнае што сè си помислил во главата, каде ли одат тие пари кога мајка ми моли за нив.“
Нормално, застанале Маја и сопругот кај неа и ја прашале од каде и е потребата и храброста да моли од непознати луѓе кога има доволно? Жената буквално била рамнодушна и дури не сметала дека тоа што го прави е нешто погрешно.
„Се испостави дека мајка ми барала милос тина од минувачите со причина дека и требаат за да ги нахрани и да ги лекува нејзините домашни миленици.
Гледајќи ја стара некои и оставиле пари, за некои луѓе тоа е навистина племенито од неа, но што ќе кажат нашите роднини и познаници кога ќе ја видат дека пи тачи? Не знам како би се оправдала.
Нормално дека ќе си помислат дека ја оставам мајка ми сама да се снајде на стари години, дека не ја чувам доволно иако ми остана како единствен родител. Луѓето кај нас сè знаат да кажат за другите, па и да си измислат работи“.
Ја качиле во автомобил и ја вратиле дома, секако цел пат напаѓајќи ја за нејзината постапка. Маја признава дека сега малку се кае што толку се расправала, но вели дека нејзиното однесување е претерано. Имала доволно пари за да ги одгледува како и досега и немало потреба од такви сцени во јавноста.
„Не сум толку богата за да можам да и ги хранам со посебна храна сите животни, најмногу уличните, ниту пак да ги лекувам. Треба да има посебни установи за таа работа, жената е стара и нејзиното прежи вување треба да и биде на прво место.
И нагласив дека веќе не сакам да ја видам во јавност како бара пари од непознати, зашто ем нема потреба од тоа, ем не сакам да ме срами пред моите познаници.
Ми рече дека ќе ме послуша, но јас уште се вртам стално минувјќи низ градот за случајно да не ја здогледам некаде седната. Можеби уште не престанала со тие гл упости, само што успева да се скрие за да не ја видам“.
Маја нема друг излез зашто мајка и е навистина трвдоглава и сигурно секој од нас знае барем еден стар човек кој поради своите животни или бавчи не сака да ја напушти родната куќа.