Марко со тешко срце: Откако мама замина во вечност, се започна да оди надолу

  • By klaster2
  • мај 20, 2022
  • 0
  • 387 Views

Неизвесна иднина, грижа за децата, недостиг во најосновните работи во животот и немање слобода, е само дел од секојдневнието на многу семејства.

Класичен пример за едно такво семејство е семејството Насковиќ од селото Великот Ропотово близу Гњилане, каде глава на куќата е самохраниот татко Славољуб.

Тој живее заедно со неговите деца Лазар (19), близнаците Марко и Марија (17) и најмладиот Миљан (14). А Најстариот син Александар (24) со години е во Белград.

,, Додека го чекавме домаќинот да пристигне од поштата каде што е вработен, не пречекаа неговите наследници. Малата дистанца и недоверба од страна на децата, која е разбирлива и која постои, особено кога се живее таков живот од раѓање, полека се надмина, кога ги убедивме дека сме сериозни во намерата да им помогнеме.

,, Полека почнавме со испитување на ситуацијата во врска со куќата и што се треба, според нивното скромно мислење, треба да се корегира доста куќата. Наши главни соговорници беа близнаците Марко и Марија, надополнувајќи се:

Сметаме дека најважно е да ја реновираме нашата бања. Ова е, како што можете да видите, речиси бескорисно. Овде каде што беше нашата кујна, сега има влага, па моравме да ги отстраниме сите кујнски елементи. Можеби тој ѕид треба да се ур не, не сме сигурни, велат во својата сторија хуманитарците од ,,Србизасрбе.орг”

Во меѓувреме ни се придружи и Славољуб, кој дојде во придружба на неговиот брат Горољуб, кој исто така живее со нив во куќата. Славољуб малку поблиску не запозна со состојбите во неговото семејство:

На самото спомнување на мајката забележавме непријатност на лицата на децата и промена на расположението. Очигледно е дека тие се уште страд аат за својата мајка и дека воопшто не сакаат да зборуваат за тоа, па затоа фокусот на разговорот повторно го префрливме на конкретни проблеми во врска со ситуацијата внатре во куќата.

Освен во бањата, многу проблеми во куќата прави и влажноста, а на горниот кат каде спијат децата нема греење и мебелот пропаднал. Бањата ни е во најлоша состојба.

,, Посетуваме средно медицинско училиште и сме добри ученици заинтересирани сме да студираме. Можеби би сакале да продолжиме со студиите некаде или да бараме работа во Белград, каде што нашиот најстар брат е Александар. Нема што да бараме овде, а можете да видите во какви услови живееме – рекоа близнаците Марко и Марија.

Секогаш е подобро кога си со семејството. Кога би можеле да ја поправиме куќата, ќе гледаме да останеме овде. Веруваме дека би било подобро отколку да одиме некаде непознато.

,, Откако мама замина во вечност се започна да пропаѓа, додаде со тешко срце Марко а се придодаде и брат му Милан со своите сркомни детски желби:


Сакам да возам велосипед со моите пријатели по цел ден. Тоа е моето најубаво хоби. Навистина не сакам да размислувам што се случи со мајка ми, па ги пренасочувам мислите. Би сакал и нашите соби да бидат малку потопли и поудобни за спиење.

ФОТО: ,,Србизасрбе.орг”

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *