Марија и Елена студираат на државен факултет а Македонија не и ја признава професијата

  • By admin
  • јуни 6, 2021
  • 0
  • 2652 Views

Четири години учат факултет, но државата не им ја признава професијата. Околу 600 дипломирани и сегашни студенти на Семејни студии при Филозофскиот факултет висат чекајќи измени во Законот за социјала заштита за да можат да работат по струка, прнесува Сител ТВ.

Марија Петровска дипломирала во првата генерација, но се за неа нема работа. Студентите бараат семејнозолозите да бидат вклучени во членот 197 од Законот за да можат да работат во Центрите за социјална работа.

-Нашата бо рба пред сѐ е да се вклучиме во членот за да можеме да одговориме на секој јавен повик во иднина којшто ќе биде јавно објавен од одредени конкретни институции. Засега не можеме да одговориме на никаков оглас зашто со членот 197 всушност ни е забрането тоа право, вели Петровска.

И сегашните студенти имаат неизвесна иднина. Елена Михајловска вели дека ќе ги продолжи студиите иако не знае дали по завршувањето ќе може да најде работа по струка.

Појаснува дека Филозофскиот факултет е единствен на Балканот каде се изучува оваа проблематика. Доколку нивната професија биде регулиранасо Закон, тие би можеле да работат во Центри за социјална работа, училишта, градинки…

-Улогата на еден семејнолог е да ја одржи кохезивноста, односно стабилноста на едно семејство. Да помогне, да ги советува родителите околу воспитувањето на нивните деца, да оддржи хармонична и складна комуникација меѓу членовите и секако со голем акцент да се стави менталното здравје кај тинејџерите и адолесцентите, појаснува Михајловска.

Три години тропаат на вратите на институциите, но велат дека тие само ги префрлаат од една во друга.

Министерката Царовска вели дека проблемот не е во МОН.

-Ова прашање не е во надлежност на Министерството за образование и наука. Не знам за кое законско решение зборувате, но ве упатувам на надлежното Министерство за кое тие зборуваат дека треба да промени закон за да може да се вработат. Јас не сум информирана за вакво нешто, вели Царовска.

Дали ќе има промени во Законот за овие 600 лица да можат да го работат тоа за што учеле засега не се знае. Од Труд и социјала само потврдуваат дека семејнолозите не се опфатени во Законот за социјална заштита.

-Согласно цитираните одредби, лицата со стекнато звање дипломиран едукатор по семејни студии (семејнолог) не можат да се јават на конкурси за вршење на стручни работи во јавните установи за социјална работа, но можат да бидат ангажирани како лица за вршење на работи за давање на социјални услуги кај други даватели во системот на социјалната заштита, велат од МТСП.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на ТВ Сител.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.