Марина: Колку вреди животот на родителот па така да се однесувате

  • By admin
  • јуни 4, 2021
  • 0
  • 737 Views

Нели секој од нас знае дека родителите се највредните луѓе за нас? Нели сме свесни дека ти нам ни дарувале живот и секогаш стојат покрај нас без разлика на сè.

Колку и да сме им згрешиле тие сепак наоѓаат начин да им простат на своите деца зашто им се единствени. Е луѓе, да знаете дека постои и друга група на (не)луѓе, се надевам мала, којашто своите родители не ги цени и почитува доволно.

Родителот секогаш двои од неговиот леб само за да има за чедото. Но, ете од искуство ви кажувам дека постојат и деца кои не ги сакаат своите родители и уште се срамат од нив.

Јас сум мајка на две деца и никогаш не би им простила ако ми направат такво нешто. Сопруг одамна немам, иселена сум во Словенија и тука живеам и работам со години.

Децата одамна се осамостоија и не живеат со мене, си имаат посебен стан. Мене доволен ми е двособниот дтан во кој живеам сама. Порано со сопругот живеевме во поголем, но откако останав сама го сменив.

Ова е зграда во која живеат и наши Македонци и Словенци. Има доста недружељубиви луѓе, ќе поминат до мене и ни да ме погледнат а камоли да ме поздрават.

Не ми е ни важно, јас си ја гледам само работата, си работам во ресторан како готвачка, а понекогаш дополнително како чистачка. Сум им кажала на моите деца – ако се срамите од мојата професија подобро не ми ни доаѓајте на посета.

Но, немам лош збор за нив, уште ме почитуваат и сакаат иако веќе стареам. Да видите какви чудни соседи имам. Дури понекогаш сама си размислувам како можат толку лесно да се откажат од родител.

Имам една сосетка, во години е и мажена живее неколку ката над мене. Ептен арогантна жена, залетана во облаци, работи како адвокат и мисли дека е којзнае што. Со никој овде не сака да живее.

Во прво време не знаев дека нејзината мајка живее три ката подолу. Отпосле разбрав. Па како и би дознала порано кога таа дали 3 пати има отидено кај мајка и. Замислете се врсќа од работа и ни да тропне ниту пак да ја праша како е.

Си имале порано некои семејни проблеми, но мислам дека ништо не е посериозно и пожално од тоа да не и посветуваш внимание на старата мајка.

Жената има можеби 87 години, живее сама, другиот син и работи во Шведска и нема кој да ја посетува. Најмногу ме зачуди, а така и разбрав дека и е мајка на сосетката, кога еднаш случајно се сретнав со една госпоѓа која кажа дека оди кај неа секој ден и ја чува.

Готви јадење, ја чисти, пере, ја капе, буквално сите работи таа и ги извршува. Ми вели многу убаво ме плаќа адвокатката, не ни помислувам да ја оставам оваа работа па колку и да не е чиста бабата.

Си призна жената, гпрнава сосетка ниту прашува како е, ниту пак некогаш поминува да ја види. А утрата мајка секој ден прашува за неа, оваа само и се правда дека е презафатена со работа.

Дури и помошничката и се чуди, се нервира зошто не сака ќерка и да дојде да ја види. Само ќе остави еден куп пари за да и купи сè што и е потребно и да ја нахрани.

Е така е, си велам, си мисли дека има пари и сè што сака може да купи, но има и работи што не се купуваат со пари. Добро е што барем и нашла стан близу до неа, можеби некогаш ќе се предомисли.

Чудни некои луѓе се пва Европјаниве… во ред е да плаќаш луѓе да му помогнат на рпдителот ако е веќе стар, тоа е често застапено тука, но да не сакаш да го видиш, е тоа не можам да го разберам никако.

Па колку и да е голем проблемот што го имале сигурна сум дека ќерката намерно не ја сака, можеби ја срами зашто е веќе изнемоштена, не сака да си го валка рацете за да ја чува..

Можеби еден ден ќе се свести, но ќе биде предоцна. Некој копнее по тоа да може и на стари години да отиде кај родителот да се напие кафе и да си поразговара, а некој толку лесно свртува грб.

Што сака нека прави, само да не се случи и нејзе да и го направат истото нејзините деца, па да види како е. Моето дете така да се откаже од мене никогаш нњма да го погледнам.

Децата треба да сфатат дека родителите им се најголемите пријатели, пријатели кои никогаш нема да ги изневерат, зашто сите имаме ситуации кога сме похрешиле, дали на млади дали на стари години, а родителоте никогаш не држеле лутина и секогаш простувале. Затоа сакајте ги и и чувајте ги своите родители, не бидете како мојата сосетка зашто тоа воопшто не е хумано.

Обработил: Д.С.  Фото: Илустрација

Авторски текст кој не смее да биде превземан без дозвола на редакција на Кластер.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *