Малиот Јаков замина за Истанбул на лекување – мајка му Елена од аеродром испрати емотивна порака

  • By admin
  • јули 30, 2021
  • 0
  • 7117 Views

Веќе извесен период за малиот Јаков од Кочани е во тек хуманитарна акција, а ова детенце ги обедини како граѓаните во нашата држава, така и од дијаспората.

Донации пристигаат од сите страни, како од нашите граѓани, така и оние од дијаспората.

Како што е позанто Џим Ристевски кој има македонски корени, за неполни два дена успеа да собере преку неговата мрежа на деловни партнери и пријатели приближно 28.000 австралиски долари за хемо терапија за двегодишниот Јаков.

Познатиот бизнисмен и филантроп по трет пат со своја иницијатива успеа да ја вклучи заедницата во Австралија за помош за земјата од каде потекнуваат неговите предци.

-Јаков, ти си мал борец, твојата насмевка ги стопи срцата на Австралијаните. Тука, кога сме повторно во локдаун, сите ги отворивме нашите џебови за да помогнеме.

Инаку сум татко на три деца и едноставно не можев да замислам да не се вклучам да помогнам, вели Ристевски кој ѝ е познат на македонската јавност по два претходни хумани гестови.

Пред некој ден за Јаков пристигна уште една убава вест, повторно од дијаспората. Овојпат од Германија, европска држава во која има многу нашиниц.

Фото: ТАВ Скопје фејсбук

Ивана Донева која е сограѓанин на малиот Јаков од Кочани, а која живее и работи во Германија организираше хуманитарна акција за донации.

„Малиот Јаков не сплоти сите каде и да сме. Тие најубави очи дирна многу срца и верувам никој не остана рамнодушен. Са само 2-3 дена успеавме да ја собереме сумата од 16.038 евра во Германија која е неопходна за Јаков, мојот сограѓанин од Кочани да замине на лекување“ изјави Ивана за Кластер.мк

Елена Јанакиева во текот на вчерашниот ден се огласи на својот профил на фејсбук каде што сподели фотографии од скопскиот аеродром пред да замине за Истанбул и напиша:

„Благодарение на големите сеца на народот Јаков заминува во Истанбул. Собравме извесна сума но се уште сме далеку од целиот износ. Ние заминуваме се надеваме дека со ваша помош ќе успееме да ја постигнеме целта која нам многу ни значи. Јаков ве сака сите“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *