Македонците на врвот на листата во Германија во една категорија – скапо ја чинеле тамошната држава

  • By klaster3
  • август 26, 2022
  • 0
  • 290 Views

Во последниве години Германија се повеќе станува омилена дестинација на Македонците за живот и работа. Но, додека едни лесно земаат визи и заминуваат да работат, голем дел од Македонците се вратени назад.

Според последните информации Македонија и Албанија се двете главни дестинации на принудно враќање од Германија во првата половина на 2022 година.

Во првата половина на 2022 година, германските власти пр отераа околу 6.200 странци од Германија. Ова го соопшти германската влада во писмен одговор на прашањето на пратеничката група на опозициската партија Левица.

Од одговорот, чиј примерок има и Дојче веле, главни дестинации биле Северна Македонија со над 450 деп ортирани и Албанија (над 400), а потоа следи Грузија (околу 400). Додека во Косово, Германија принудно вратила 130 поранешни баратели на аз ил.

Во 2020 година, Албанија беше главната дестинација на принудните враќања од Германија. Според одговорот на сојузната влада на прашањето на партијата Левица, во првата половина на 2022 година од Германија на други дестинации биле екстр адирани околу 35 лица со 11 авиони „мини чартер“.

Вкупно 167 полицајци биле дежурни за обезбедување при екстр адицијата. Само за „летечки уреди“, како што се нарекуваат авионите во предметниот документ, германската држава во текот на првата половина од годинава платила 580.000 евра.

Во 2019 година, пред почетокот на панд емијата, властите користеа 21 таков „мини чартер“ лет со максимум четири депортирани по лет.

Вкупно 48 лица биле принудно вратени од Германија во 2019 година, а според Сојузното МВР трошоците за летот биле околу 1,35 милиони евра.

Во 2020 година, Германија искористила 14 чартер летови за да деп ортира вкупно 39 странци. Во некои случаи, трошоците за овие летови достигнуваа и над 100.000 евра за едно или две лица. Дополнително, имало 1.826 враќања на баратели на азил во земјите на ЕУ, во согласност со Даблинската регулатива.

Најновиот проект што федералната влада планира да го изгради до новиот аеродром во Берлин Бранденбург е голем центар за влез-излез во Германија.

Од таму ќе се одвива и организацијата на иселувањето. Таму ќе бидат сместени одбиените баратели на аз ил додека не се даде првата можност за депор тација од Германија. Според истрагата на јавниот телевизиски канал, РББ, само киријата ќе ја чини државата 760 илјади евра месечно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *