Германската амбасада во Скопје днес на својата веб страниц објави дека од среда ќе започне аплицирање за работни визи.
Апликациите за термин за месец јули може да се регистрираат во листата за чекање за термин од 01.06.2022 од 10 часот до 13.06.2022 во 14 часот.
Ве молиме да ја пополните регистрацијата внимателно и да ги проверите Вашите податоци пред да ги сочувате. Особено внимавајте на точноста на и-мејл адресата.
За жал Амбасадата не може да направи промени или сторнирања. Доколку сте напишале погрешна мејл адреса, тогаш повторно може да се регистрирате дури следниот месец.
За доделување на термини за виза според § 26 став 2 од Одредбата за вработување („Регулатива за Западен Балкан“) се спроведува лотарија еднаш месечно.
За таа цел, на почетокот на секој месец, ќе се отвори нова листа за регистрација на термини за поднесување на барање за визи. Оваа листа ќе биде отворена за регистрации за одреден временски период (најверојатно 2 недели).
Листата нема да се затвори, како досега, кога ќе се дојде до одредена бројка на регистрации. Наместо тоа, листата за регистрација ќе се затвори на одреден ден и од сите регистрации, компјутерски, по случаен избор по пат на лотарија ќе се избере кој ќе добие термин за следниот месец. За точните податоци кога ќе се отвори листата, ќе информираме навреме на нашата веб-страна и преку нашиот фејсбук профил.
Лотаријата ќе се спроведе во германското Министерство за надворешни работи во Берлин под надзор од повеќе лица. Веднаш потоа, избраните лица ќе бидат известени од Амбасадата, кога ќе биде нивниот термин во следниот месец.
Сите регистрации ќе учествуваат во постапката за лотарија, независно од тоа кога била регистрацијата. Регистрацијата што била порано направена нема никаква предност наспроти регистрацијата што била подоцна направена.
Исклучена е можноста за повеќе регистрации. Не постои можност ниту за дополнителна промена на податоците што се внесени при регистрацијата.
Не е дозволено отстапување на терминот на друго лице. Нема потреба од учество на трети лица (на пр. некоја Агенција) и со тоа не се добива никаква предност. Ве молиме регистрирајте се самите за постапката и задолжително внимавајте на точноста на Вашите податоци.
И покрај тоа што имате потврден термин, влез во Визниот оддел ќе биде дозволен само ако личните податоци во пасошот на подносителот на барањето целосно се совпаѓаат со податоците што се внесени во терминот за регистрација.Доколку сте напишале погрешна мејл адреса, тогаш повторно може да се регистрирате дури следниот месец.
Регистрaциите што не добиле термин, ќе бидат избришани на крајот на месецот. Сите лица што не добиле известување за термин до крајот на месецот, не биле извлечени на лотаријата и можат да се регистрираат на листата за следниот месец.
Ве молиме да не испраќате мејлови. За учество во лотаријата за термини во следниот месец, потребна е нова регистрација.
Само на овој начин може да се доделат термини за поднесување на виза според „Регулативата за Западен Балкан“. Амбасадата не дава други посебни термини и од овие причини Ве замолуваме да се откажете од таков тип на прашања.