Македонците кои живеме во Германија со петиција: Објавија што бараат од нашите власти

  • By admin
  • јуни 10, 2021
  • 0
  • 2252 Views

Деновиве на социјалните мрежи повторно стана актуелна петицијата која што започна од пред неколку месеци од страна на Македонците во Германија.

Истата повторно се споделува, а како што е познато се вели: Од: граѓаните на Македонија со престој во Германија претставувани преку иницијативниот одбор формиран во групата Македонци во Германија (Makedonier)

Почитувани,Ние, Македонците кои живеме во Германија, се обраќаме до Вас со желба да се оптимираат услугите на нашите служби во Германија.Бројот на доселеници од Македонија во Германија расте од година во година.

Додека потребата за точни и брзи информации се зголемува, начинот на работење на нашите дипломатско-конзуларни претставништва остана ист. Услугите кои ги добиваме од нив ги оценуваме како недостојни и недоволни за нас. Овие услуги се на застарено ниво и не нудат флексибилна, ефикасна и достојна услуга за нашите граѓани во Германија.

Два главни проблеми, поради кои се започнува оваа иницијатива, се постапката за продолжување на патна исправа и општата достапност на информации.

Да се поднесе и добие пасош во нашата амбасада е скоро невозможно, односно е поврзано со долга и нејасна постапка. Затоа најчесто сме приморани да ја почнеме таа постапка во Македонија, дури и во време на пандемија и други непредвидливи бариери за прекугранично патување.

Исто така овие патувања се поврзани со дополнителни финансиски оштетувања, а не секогаш и се возможни бидејки тука имаме работни обврски.

Понатаму, достапноста на информации е на едно поразително ниво. Веб страните не се ажурираат редовно, телефонско советување е речиси невозможно, или зависи од непрофесионални службеници. Ниту пандемијата како вонредна состојба во целиот свет не смени ништо во начинот на информирање, иако тоа беше попотребно од било кога.

Бараме и ги предлагаме следните мерки и подобрување на услугите:

1. Подобрување на информираноста на граѓаните.

– Бараме формирање на дежурен центар, кој ќе работи 365 дена во годината и ќе биде квалитетно обучен и опремен да доставува информации на граѓаните за состојбата на границите, за нивните права, како и секакви информации за дипломатско-конзуларните претставништва.

– Дежурниот центар може да е со седиште и во Македонија или во Германија, но да е достапен и на бесплатен или ниско тарифен германски фиксен телефонски број.

– Дежурниот центар да е достапен на македонски како и на јазиците на националностите кои живеат во Македонија

2. Можност за поднесување на документи и добивање на патна исправа во ДКП

– Опремување на ДКП исто како и секоја служба за патни исправи во Македонија

– Електронски систем за закажување на термин за поднесување на документи за нова патна исправа или лична карта

– електронско поднесување на барањето за обнова на документите

– можност за фотографирање, исто како и во службите во С. Македонија

– опремување на сите ДКП како би биле достапни за повекето грагани кои живеат на територијата на цела Германија

– Така обработените барања да се праќаат веднаш до центарот за печатење во Македонија

– Изготвените пасоши да се доставуваат во најбрзо време со дипломатска пошта, а министерството да склучи и договор со авио компаниите кои би ја доставувале поштата.

– Готовите патни исправи да се доставуваат на граѓаните во Германија лично или преку куриерска служба со препорачана пошта до лицата кои со потпис и документ за идентификација ќе си ги добиваат на домашна адреса, како не би морале да патуваат два пати во ДКП.

– За таа цел Амбасадата во Германија да склучи договор со една од куриерските служби кои ќе го извршуваат доставувањето

– Времетраењето од поднесување на апликацијата до добивање на пасошот да не трае повеке од двојно на една пасошка служба во Македонија

3. формирање на заеднички совет (Мин. За Надворешни, ДКП, Иницијатива на граѓани) кој ќе ја следи и ќе дава препораки за подобрување на услугата на ДКП во Германија

– формирање на заеднички совет кој ќе се состанува најмалку еднаш во шест месеци и ќе изготвува записник кој ќе се доставува до владата и министерството за надворешни работи

с- оветот ќе има за цел да дава предлози за подобрување на услугата на ДКП кои ќе се доставуваат и имплементираат заедно со министерството за надворешни работи и ДКП во Германија.

Барањата се наслонети на начинот на работење на многу амбасади во Германија, така што не се работи за нереални барања. Веруваме дека со користење на достапната технологија и обучен, мотивиран кадар ќе се овозможи достоен сервис за напите граѓани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *