Македонците во Австралија преку просветниот одбор се залагаат да го одржат заветот од нивните предци

  • By klaster3
  • јуни 3, 2022
  • 0
  • 246 Views

Македонскиот просветно-училишен одбор за Нов Јужен Велс минатиот викенд, на 29ти мај, ја одржа традиционалната свеченост по повод празникот на македонските и сесловенски просветители Св.Кирил и Методиј.

Во македонскиот храм, македонската православна црква „Св.Кирил и Методиј“ во Сиднеј присуствуваа ученици кои го изучуваат македонскиот јазик, нивните наставници, родители и други гости.

– Денеска се собравме по традиција да го прославиме нашиот труд, трудот на тие што овде во туѓина го изучуваат македонскиот јазик и го овозможуваат изучувањето на македонскиот јазик.

Се собравме да им оддадеме достојна почит на Св. Кирил и Методиј н нивните ученици Пресветиот Климент, Наум, Констатнин Брегалнички, Горазд Ангелариј и други, изјави претседателката на Просветно-училишниот одбор за Нов Јужен Велс, Жаклина Михајлова.

На свечената академија по повод одбележувањето на Св. Кирил и Методиј, на кои им беа доделени благодарници на учениците кои го изчучуваат македонскиот јазик како и на нивните наставници и родителите кои доброволно помаагат за одржување на часовите, се обрати и претседателката на федерацијата на етничките училишта за Нов Јужен Велс, Луција Џонс.

Пофалби за успешната работа на просветниот одбор кој повеќе од 4 децениии обезбедува квалитетна настава за учениците по македонски јазик дојде и од директорката на саботните центри за јазици Сана Зрељка.

Таа истакна дека центрите не се само места каде се изучуваат јазиците и културите на заедниците туку и места каде се создаваат трајни врски и долгогодшни пријателства меѓу учениците.

– Одлично е да ја видиме вашата поддршка, одлично е што ја сведочиме напорната работа за македонските ученици да ја имаат можноста да го изучуваат македонскиот јазик и култура, кажа таа.

Пред присутните се претставија и повеќе ученици од редовните и саботните училишта со стихотворби посветени на македонскиот јазик и кирилското писмо.

На свечената академија беше промовирана и двојазичната монографија на долгогодишниот и сега почесен претседател на просветниот училиштен одбор за Нов Јужен Велс господинот Тоде Кабровски.

– Ова е дело кое претставува осврт на ликот на Тоде Кабровски. Тој е македонски активист и просветител од Сиднеј кој е истакнат патриот, духовен просветител и горд припадник на својот библиски род и на македонската земја.

Тоде Кабровски е уважен и многукратно докажан македонски деец, пред се со својата активност во образованието и воспитувањето на младите Македоци.

За време на неговото раководење со одборот се отворија 17 етнички училишта по македонски јазик. Неговиот придонес за отварање на нови училишта е несомнено важен особено фактот дека од тоа време преку 2 000 деца македонскиот го полагаат како матурски испит, а сега имаме едвај дваесетина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *